Психолозите советуваат: Како најлесно да стекнете самодоверба?

Психолозите советуваат: Како најлесно да стекнете самодоверба?

Во текот на нашиот живот постојано се соочуваме со настани што бараат да останеме смирени и самоуверени: Интервјуа за работа, јавни говори, важни состаноци, први љубовни состаноци и слично. Доколку овие животни ситуации ви предизвикуваат стрес и анксиозност, поради што губите самодоверба, не грижете се! Психолозите од Харвард пронашле интересни начини благодарение на кои лесно ќе можете да ги надминете вашите стравови. Погледнете кои се тие неколку научно потврдени техники што ќе ви ја вратат самодовербата за најкраток можен период…

Заземете поза на освојувач и стојте така 2 минути

Психолозите советуваат: Како најлесно да стекнете самодоверба?

Ејми Кади, социјален психолог од Харвард, во нејзиниот говор на ТЕД зборува за говорот на телото и самодовербата. Нејзиниот совет е да заземете моќна поза пред која било потешка задача. Направете го тоа наутро штом ќе се разбудите, додека се возите во лифт или пред огледалото во тоалет.

Позата на супер херој изгледа вака: Исправете го грбот, рамената поставете ги наназад, малку подигнете ја брадата и поставете ги стапалата во линија со вашите колкови. Почувствувајте како моќта поминува низ вас и задржете ја оваа позиција 2 минути. Обидете се да дишете длабоко и ритмично. Можете да заземете и поза на морска ѕвезда така што ќе ги подигнете рацете во форма на „V“. Замислете си дека сте шампион на Олимпијада кој стои на пиедестал.

Експериментите покажале дека луѓето кои го користат овој метод постигнуваат подобри резултати од останатите. Говорот на нашето тело не само што влијае на тоа каков впечаток оставаме кај другите, туку и каков впечаток имаме ние самите за себе.

Замислете си како би изгледале во иднина

Психолозите советуваат: Како најлесно да стекнете самодоверба?

Позитивната и детална замисла за тоа како би ви изгледал животот во иднина ќе ви помогне да го надминете стравот од неуспех. Хал Хершфилд, професор по маркетинг и технологија на Универзитетот во Њујорк, побарал од учесниците во неговото истражување да си замислат што ќе им се случи за 10 години.

Потоа, само на некои од испитаниците им покажал фотографии од тоа како се замислиле во иднина, а на сите им предложил да инвестираат во свој бизнис. Оние кои ги виделе сликите од себеси во иднина биле два пати поодлучни да инвестираат од оние кои не ги виделе. Резултатите покажале дека кога ќе видиме слики од нашата иднина и убаво ќе ги замислиме, се стремиме кон тоа да ги оствариме што е можно побрзо и затоа реагираме поодлучно.

Заблагодарете се за вашиот живот

Психолозите советуваат: Како најлесно да стекнете самодоверба?

На овој начин ќе ви се отворат хоризонтите и покрај стресот што сте го доживеале. Џен Скалија, тренер за бизнис почетници и самохрана мајка, поминала низ тежок период во животот кога била отпуштена од работа, се развела од сопругот и западнала во големи долгови. За да ги реши проблемите таа решила да инвестира во себе и се запишала на голем број онлајн курсеви за личен развој, но секојдневно практикувала и некои вежби. Сето тоа ѝ помогнало да ја зголеми заработката на нејзиниот нов бизнис проект од нула на половина милион долари.

„Првата вежба што ја практикував секој ден беше да се заблагодарувам. Секоја вечер се потсетував на сите прекрасни нешта што ми се имаат случено и што сум ги видела во животот. Следната фаза од мојот личен тренинг беше да се заблагодарам за работите што ќе ги постигнам во иднина. На пример, наместо да кажам ’Сакам да имам два нови клиента овој месец’, си велев ’Многу сум благодарна што сега ќе имам два одлични клиента’“, објаснува Џен.

Па, како функционираат сите овие техники? Многу едноставно: На тој начин што нашата свест лесно може да биде пренасочена. Овие изјави ни помагаат навистина да поверуваме во тоа дека ќе постигнеме успех и како последица на тоа, истиот евентуално ќе го привлечеме. Освен тоа, кога сме благодарни за нешто, размислуваме позитивно и се полниме со енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар