Психолозите предупредуваат за опасноста од заморот од сочувствување кај емпатите

Психолозите предупредуваат за опасноста од заморот од сочувствување кај емпатите

Емпатијата е можеби само модерен поим за некои луѓе, но оние кои навистина спаѓаат во оваа група знаат дека не е сè така убаво. Дури и психолозите предупредуваат за опасностите од „замор од сочувство“, односно за типичниот несакан ефект во животот на емпатите.

Психолозите предупредуваат за опасноста од замор од сочувствителност кај емпатите

Емпатите се луѓе кои ги чувствуваат нештата навистина длабоко. Тие ги разбираат и ги чувствуваат другите на начин кој е речиси невозможно да се објасни. Кога влегуваат во просторијата, тие веднаш ги чувствуваат гневот, тагата, осаменоста, среќата и сите енергии од луѓето околу нив. Поради овој ефект на рефлексија, луѓето често се изненадени од чудното однесување на емпатите.

Се разбира, сочувството и емпатијата кон другите, дури и кога е навистина екстремно, има свои добри страни. Емпатите ја сакаат оваа нивна особина и имаат разбирање за сите живи суштества. Но, оваа особина не доаѓа без цена.

Можеби прв пат го слушате терминот, но сигурно сте почувствувале замор од сочувствување. Овој замор се појавува кај емпатите, чувствителните луѓе, негувателите и повеќето луѓе кои сакаат да им помогнат на другите. Сепак, најизразен е кај првата група.

Симптомите најчесто ги имитираат луѓето од кои ја апсорбирате енергијата. Чувствата на беспомошност, страдање, па дури и траума, спаѓаат во категоријата замор од сочувствување. Поради ова, емпатите често изгледаат како антисоцијални луѓе кога почнуваат да се повлекуваат од другите, со цел да го зачуваат нивното здравје. Проблемот е што многу често не сфаќаат колку тага и трагедија апсорбирале сè додека не се почувствуваат преплавено. Во тие моменти, тие се изолираат и се обидуваат да работат на себе.

Други симптоми кои можат да се појават се недостаток од задоволство, несоница, физички, ментален и емоционален замор, криење на емоциите, кошмари и претерана употреба на разни супстанци. Постојат и многу екстремни симптоми кои можат да се поврзат со интензивен хроничен стрес.

Според терапевтите кои им помагаат на премногу чувствителните луѓе, стапката на самоубиство е повисока кај луѓето кои покажуваа повеќе сочувство. Тие нагласуваат дека причината е екстремната чувствителност на сите емоции и проблеми кои се случуваат околу нив. Емпатите се повлекуваат од туѓото друштво со цел да се заштитат, а поради ова се гледаат како „чудаци“, а понекогаш дури и се малтретирани од општеството поради нивното навидум чудно однесување.

Многу емпати се чувствуваат како вонземски суштества кои не можат да бидат разбрани, а понекогаш не се разбираат ни самите. Емпатите често си поставуваат животна цел да им помогнат на другите кои се соочиле со траума, стрес или други болни чувства. Тие се одлични исцелители и на некој чуден начин привлекуваат луѓе на кои им е потребна помош. Но емпатите не треба да заборават да се грижат за себе и да постават граници. Понекогаш треба да одбијат да понудат помош, доколку тоа е на сметка на нивната благосостојба.

Доколку сте соочени со замор од сочувствување, има начин да се справите со проблемот. Можеби е време да престанете да мислите на другите и некој период да се посветите себеси. Само немојте да се изолирате. Побарајте поддршка од семејството, пријателите или кој било што сметате дека може да ви помогне. Поставете здрави граници, најдете хоби што прави да се чувствувате добро и грижете се за себе .

Од вас не се очекува да бидете суперхерој. Не заборавајте дека иако е добро да им помогнете на другите, постојат многу ситуации во кои не можете да направите ништо, освен да се повредите себеси.

Погледнете и кои се моќните чувства што ги доживуваат само емпатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар