Психолозите предупредуваат: Остануваме „заглавени“ на менталната возраст кога сме добивале најмалку љубов

Психолозите предупредуваат: Остануваме „заглавени“ на менталната возраст кога сме добивале најмалку љубов

Дали сте сретнале луѓе кои физички се во нивните 30-ти или 40-ти години, но кога станува збор за менталниот развој, тие изгледа како да се застанати во нивните години од детството? Можеби и вие сте таква личност? Немојте да се грижите бидејќи тоа е сосема нормална појава. Луѓето остануваат во нивното детство сè додека не научат да се сакаат.

ostanuvame-zaglaveni-na-mentalnata-vozrast-koga-sme-dobivale-najmalku-ljubov-kafepauza.mk

Секое дете е различно и има различни потреби. Но, постојат неколку основни работи низ кои поминува секое дете. Овие работи се менуваат со текот на годините, а самите потреби стануваат разни за секоја возрасна група.

Најосновната потреба на секое дете е мајчината љубов и внимание, особено во раното детство. Ако мајката ги занемарила потребите на детето на оваа возраст, детето се чувствува исплашено. Кога ќе порасне, ова може да предизвика сериозни проблеми во романтичните и социјалните врски. Исто така, тоа дете може да има проблеми и со довербата.

По возраста од 2 до 4 години, детето постепено развива самоконтрола. Тоа почнува да учи да оди и да зборува. На оваа возраст се развиваат и неговите моторни способности. Ако детето е запоставено од своите родители и од него се очекува да прави работи кои не може, тоа може да развие постојано чувство на срам.

Од друга страна пак, ако родителите премногу го заштитуваат детето, тоа никогаш нема да ги научи тешките лекции во животот. Исто така ќе почне да се сомнева во себе и во своите способности. Ќе почне да бара признание од другите, а понекогаш може да се појават и проблеми со менталното здравје.

Следната фаза е возраста од 4 до 6 години. Ова е најважниот дел од развитокот, кога детето ќе има безброј прашања. Во овој период му е потребна поддршката од родителот за неговата љубопитност. Ако родителите реагираат со одбивност кон креативниот ум на детето, може да се развие чувство на вина. Па кога овие деца ќе пораснат тие ќе го немаат потребниот фокус и менталната стимулација за каква било креативна работа. Вината која настанала во детството резултира со пасивност, раздразливост, а понекогаш и со психопатско однесување.

Следната фаза е тргнувањето на училиште. Ако родителите се сомневаат во способноста на детето да се натпреварува со соучениците, тоа ќе биде обесхрабрено и ќе се чувствува инфериорно. Овој комплекс ќе ја намали неговата способност за ефикасна работа.

Ако се наоѓате во иста ситуација како со детето во текстот, уште веднаш помогнете му на вашето внатрешно дете. Сега само вие сте одговорни за вашето созревање. За да го направите ова, замислете си дека сте дете. Размислете за вашата возраст. Како изгледате? За што размислувате? Со кои проблеми се соочувате?

Земете лист хартија и два фломастера во разна боја. Користете ги и двете раце за пишување, од кои доминантната ќе ја претставува вашата возрасна верзија. Сега, разговарајте со вашето внатрешно дете. Кога разговарате со детето, обидете се да направите силна врска базирана на разбирање и помош. Прашајте го детето што е она што му недостига. Овозможете му го она што му е потребно. Поставувајте лични прашања и покажете многу љубов.

Важно е да бидете трпеливи. Можеби ќе ви бидат потребни недели, ако не и месеци за да се поврзете со самите себе. Мора да разберете дека вашето внатрешно дете страдало цел овој период. Мора да бидете многу внимателни со неговите емоции. Постепено ќе забележите дека неговите рани зараснуваат, а вие ќе се чувствувате подобро и посилно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар