Психолозите откриваат што го развива детскиот мозок

Психолозите откриваат што го развива детскиот мозок

Повеќето родители обрнуваат големо внимание кога станува збор за воспитувањето на децата. Сметаат дека доброто воспитување и квалитетното образование ќе им помогнат во понатамошниот живот, што секако е вистина. Но, колку од родителите знаат дека за развојот на детскиот мозок голема улога има љубовта којашто тие ја добиваат од родителите?

(1) Психолозите откриваат што го развива детскиот мозок

Изминатите години биле спроведени низа истражувања кои укажуваат на значењето на љубовта врз развојот на детскиот мозок. Присуството или недостигот на љубовта игра огромна улога врз успешниот развој на децата. Всушност, колку повеќе љубов им покажувате на вашите деца, опсипувајќи ги секојдневно со искрени прегратки, бакнежи, нежни насмевки, безусловна позитивна мисла, вклучувајќи ги во семејните активности и преку негување на квалитетна комуникација со нив, толку подобро и побрзо се развиваат нивните мозоци.

Покрај основните потреби, како храна, вода и топол дом, љубовта и соодветното внимание, не претставуваат само пат на децата до пронаоѓање на нивната среќа, туку имаат многу позначајна улога. Способноста на мозокот да се развива како одговор на љубовта којашто безусловно ја добива, може да се протолкува и како еден инстинкт за создавање блиски односи и заштита од штетните надворешни влијанија. Мозоците на луѓето се создадени за љубов. Но, не мора само да ја покажувате љубовта, туку со своите деца можете и да разговарате за неа, како и за слични теми. Истражувањата, исто така, покажуваат дека преку чести разговори со вашите деца за тоа како се чувствуваат и што размислуваат, ја зголемува нивната вербална способност, емоционалното разбирање и социјалната поврзаност.

(2) Психолозите откриваат што го развива детскиот мозок

Родителите треба да дадат сè од себе во секој момент да сфатат што се случува во детските главчиња. Тоа најлесно можете да го сторите преку:

  • Советување за важните работи во животот, притоа не ги осудувајте вашите деца доколку погрешиле во некој момент.
  • Разговарајте со нив како се чувствуваат и за што размислуваат.
  • Дозволете им слободно да ви постават прашање буквално за сите теми.
  • Дајте им простор сами да сфатат некои работи. Оставете ги понекогаш да згрешат, така најдобро ќе научат за својата личност и за справувањето со светот што ги опкружува.

На овој начин ќе му помогнете на детето да се прифати себеси со сите недостатоци и квалитети и да развие високо ниво на самодоверба. Опсипувајте ги децата со љубов и внимание. Ако љубовта може да го развие мозокот, значи дека може да го смени и светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар