Психолозите откриваат: Пропаднатите врски се должат на една основна карактеристика
Ние најчесто очекуваме од нашите партнери да знаат точно што сакаме од нив. Тоа ни служи како доказ за нивната љубов, се согласувате? Погрешно! Можеби ќе ви звучи иронично, но токму тоа е главната причина зошто повеќето врски се распаѓаат. Благодарение на нереалистичните очекувања создадени од страна на популарната култура, ние имаме изместена идеја за љубовта и успешната љубовна врска.
Психолозите со години се обидуваат да ја најдат причината за пропаднатите врски, но никако не можат да дојдат до вистинскиот одговор. Сепак, психологот Кетрин Шафлер можеби е блиску до мистериозното откритие. Според неа, коренот на повеќето неуспешни врски е неспособноста да се комуницира преку јазикот на љубовта.
Љубовниот јазик не е некој одреден јазик што го говориме со нашите пријатели, семејство или колеги. Тоа е изразот на љубовта и блискоста, начинот на кој ги искажуваме тие чувства на нашите сакани. За жал, најчесто ги земаме туѓите емоции здраво за готово, а тоа создава бариера во комуникацијата и се одразува негативно на вистинската љубов.
Најчесто очекуваме од партнерите да знаат точно што сакаме, очекуваме да нѐ изненадат со некаков подарок или симбол на нивната љубов, како што се чоколадите и цвеќето. Но, овие очекувања се превисоки. Доколку партнерот не ги исполни овие очекувања, честопати се јавуваат недоразбирања и презир.
Тоа што сте практични, не значи дека не сте романтични
Во многу случаи, луѓето не кажуваат што им се допаѓа, а што не, од страв да не бидат премногу напорни, но истовремено очекуваат од нивните партнери да ги дешифрираат суптилните знаци што им ги даваат понекогаш. Ваквиот потег е многу нејасен и најчесто поминува незабележано. Мора да бидеме отворени во однос на тоа што очекуваме од нашите партнери и да бидеме конкретни кога станува збор за работите што ни значат. Тоа не значи дека на тој начин истиот гест нема да биде доволно романтичен. Вашите партнери ќе имаат можност подобро да ве запознаат и да дознаат точно што сакате, наместо да паѓаат во бездна на несигурност.
Тие се грижат за вас, само што го покажуваат тоа на различен начин
Како што веќе споменавме, јазикот на љубовта не е конкретен јазик. Различни луѓе го изразуваат на различен начин. Некои луѓе ја покажуваат нивната љубов преку давање подароци, некои ја докажуваат љубовта преку нивните дела, некои преку зборови без разлика дали се работи за давање комплименти, љубовни изјави или емотивни разговори. Некои луѓе претпочитаат да ѝ дозволат на физичката интимност да зборува наместо нив, додека, пак, некои ја покажуваат љубовта со тоа што поминуваат време со партнерите и ги вклучуваат во нивниот живот.
Проблемот лежи во тоа што партнерите може да не го говорат истиот љубовен јазик. Тука настануваат сите конфликти. Едниот од нив можеби дава уникатни подароци или изјавува љубов, но ако тоа не биде возвратено на истиот јазик, врската страда. Другата личност можеби се обидува да се изрази на тој начин што прави убави работи за партнерот или преку физичката интимност, но ако не станува збор за истиот љубовен јазик, тогаш доаѓа до големо недоразбирање.
Што може да се заклучи од сето ова?
Сите ние сакаме да бидеме сакани на одреден начин. Се однесуваме со партнерите онака како што би сакале тие да се однесуваат со нас. На пример, кога би сакале вашиот партнер да не гледа телевизија за време на ручекот, туку да разговара со вас, сигурно и вие би го правеле истото за него. Но, тоа може да има спротивен ефект и вие да ги попримите неговите негативни навики, без разлика дали ги одобрувате или не.
Многу е важно да размислите каква порака му праќате на вашиот партнер, но и да бидете доволно внимателни за да ги разберете знаците што тој ви ги праќа. Можеби вашиот партнер сака да одите на ручеци, но не сака скапи подароци за разлика од вас. Не е фер да очекувате од нив да го знаат тоа. Обајцата мора да разговарате и да се обидете да си ги разберете поединечните јазици на љубовта, доколку сакате врската да опстане и да процвета.
Доколку сакате да ја подобрите вашата врска, најпрво ќе мора да дознаете со кој јазик на љубовта зборувате.