Психолозите откриваат: Овие 4 начини на однесување го предвидуваат крајот на врската и бракот
Љубовните врски се еден вид наука. Џон Готман, психолог од Америка, ги проучувал врските 40 години и открил 4 опасни начини на однесување кои тој ги нарекува „Четирите јавачи на апокалипсата“. Прочитајте за што станува збор за да можете да го промените однесувањето навреме и да си ја спасите врската или бракот…
1. Презир
Знаци: Еден од партнерите го исмева другиот приватно и јавно, намерно му дава навредливи прекари и не го цени неговото мислење. Со други зборови, овие луѓе покажуваат дека не ја ценат саканата личност и дека се ставаат себеси на прво место.
Како да го поправите ова: Ставете се себеси на местото на саканата или саканиот кои се жртва на исмевање и обидете се да ја согледате ситуацијата од нивна гледна точка. Потоа секогаш кога ќе помислите да ги омаловажите, сетете се колку ги сакате.
2. Критики
Знаци: Еден од партнерите се нервира поради секоја грешка на другиот и ги спомнува дури и грешките од минатото. Како последица на тоа, критичарите не ја критикуваат само направената грешка, туку и карактерот на партнерот со зборови од типот: „Секогаш правиш грешки!“.
Како да го поправите ова: Немојте да користите агресивен тон во разговорите и немојте единствениот мал проблем да го претворите во милион други. Смирено замолете го партнерот да се однесува поинаку нареден пат, а уште подобро би било ако го кажете ова без да ѝ придавате големо значење на ситуацијата.
3. Заземање одбранбен став
Знаци: Еден од партнерите мисли дека направил нешто погрешно и за да ги одбегне критиките, веднаш се обидува да се одбрани на прилично агресивен начин. За ваквата ситуација карактеристични се следниве речници: „Не требаше да го направам тоа!“, „Не е моја вина“ и слично. Како последица на тоа, другиот партнер одговара остро и сето тоа завршува со жестока караница.
Како да го поправите ова: Во вакви случаи, најдобро е да преземете одговорност за вашето однесување и да се извините. На тој начин, нема да трошите време на бесцелни караници, туку ќе можете да се посветите на уживањето во врската.
4. Одбегнување конфликти
Знаци: Некои луѓе кога ќе почувствуваат дека надоаѓа емоционална бура, одговараат брзо и без емоции. Во такви ситуации, тие се обидуваат да го одбегнат партнерот на секој можен начин.
Како да го поправите ова: Не бегајте и не ги потиснувајте вашите емоции. Обидете се да го решите проблемот на мирен начин, бидејќи во спротивно тој порано или подоцна ќе излезе на виделина и тогаш навистина нема да можете да го решите.
Доколку сакате да го сочувате вашиот брак, прочитајте ги и овие 7 совети од адвокат за развод.