Психолозите откриваат 10 знаци дека сте ја нашле вистинската личност

Психолозите откриваат 10 знаци дека сте ја нашле вистинската личност

Тешко е да се најде вистинската љубов. Но, откако ќе ја најдете, животот станува полесен. Се чувствувате како да летате во облаци. Сепак, не можете а да не се запрашате: дали е онаа вистинската?

Психолозите откриваат 10 знаци дека сте ја нашле вистинската личност

За жал, не секој во кого сме вљубени станува наш доживотен партнер. Потребно е многу повеќе од само љубов за да се посветите целосно на некого до крајот на вашиот живот. Психолозите тврдат дека има знаци според кои можете да дознаете дали вашата врска ќе има среќен крај.

1. Почнувате да си ги читате мислите

Според истражувањата, љубовта може да му помогне на нервниот систем да се усогласи со оној на вашиот партнер. Откако ќе започнете да поминувате подолго време заедно, почнувате да ги разбирате нивните чувства, мисли и реакции. Оваа поврзаност значи дека можете да го разберете другиот дури и кога молчите. Следниот пат кога ќе бидете заедно, покажете кон нешто што ви е смешно без да кажете ни збор. Ќе ви биде интересно да се смеете заедно!

2. Имате иста замисла за иднината

Откако ќе ја најдете љубовта на вашиот живот, почнувате да размислувате за иднината како за двајца. Сакате да бидат присутни во вашата иднина и ја планирате како партнерот да е дел од неа. Не мора да се движите во целосно иста насока, но наоѓате начин да функционирате заедно.

3. Мислите дека врската вреди

Посветеноста е неопходна за одржување на врската. Поради тоа морате да донесувате компромиси. Истражувањата велат дека доколку нема мали жртви, врската нема да трае. Ова не значи дека треба да се откажете од вашиот интегритет, но треба да го приспособите за да се изедначат двете страни.

4. Вашиот мозок функционира различно

Мислиме дека кога се заљубуваме тоа го правиме од срце, но всушност љубовта е процес на мозокот. Кога мислиме на партнерот, мозокот се стимулира и испушта допамин. Или познато како чувствување пеперутки во стомакот.

5. Меѓусебно се поддржувате

На крајот на денот, поддршката од партнерот ќе ви биде најважна. Со тоа што и вие ќе бидете нивна поддршка, никогаш нема да се чувствувате обесхрабрено и поразено. Слушајќи топли зборови од личноста која ја сакате ќе направи да се сакате повеќе и себеси.

6. Се чувствувате задоволни без многу труд

Ова е многу важно. Кога ќе го најдете вашиот доживотен партнер ќе се чувствувате како така да се живееле цел живот и ќе бидете среќни за малите работи во животот. Нема да бидете една од оние личности кои постојано зборуваат за својата врска, бидејќи нема што да им објаснувате на другите ниту пак да им докажувате.

7. Ќе сакате да ги запознаете со најблиските

Психологијата вели дека сите ние бараме одобрување кога станува збор за одбирањето партнер. Затоа и ги делиме добрите вести со најблиските. Со тоа само ја зголемуваме нашата среќа.

8. Задоволни сте во спалната, но и надвор од неа

Интимата е посебно важна, а физичката поврзаност има поинакво чувство кога сте во рацете на вистинскиот партнер. Но привлечноста продолжува и надвор од спалната. Еден збор или една насмевка може да направат да се чувствувате најсреќни.

9. Се чувствувате чудно без нив

Одржувањето на независноста е клучен дел за долготрајна врска. Сепак, кога ќе го најдете вистинскиот, тој станува навика и дел од вашите рутини. Затоа нивното отсуство ќе биде многу забележливо.

10. Станувате „ние“

Психолозите велат дека е многу важно дали се користат зборовите „ние“ или „наше“. Кога станувате тим, поголема среќа ќе ви претставува да зборувате за работи кои се заеднички, отколку само ваши.

Научниците пронашле врска помеѓу процесите во мозокот и вистинската љубов, а еве како се менува вашиот мозок откако ќе го пронајдете „вистинскиот“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар