Психолозите ги откриваат 7-те тајни за привлекување луѓе

Психолозите ги откриваат 7-те тајни за привлекување луѓе

Дали мислите дека впечатливата фризура или пак, необичната облека ќе ги привлечат луѓето околу вас? Или пак мислите дека модните додатоци и стомачните мускули се клучни за привлекување? Време е да заборавите на таа илузија. Иако првиот впечаток е важен, не мора да изгледате како супермодел за да ги привлекувате другите.

psiholozite-gi-otkrivaat-7-te-tajni-za-privlekuvanje-lugje-kafepauza.mk

Доволно е само да бидете пристојно облечени, а сè останато зависи од многу други фактори. Според психологијата, убавината е минлива, па најважни се вашите „внатрешни“ карактеристики. Ова се особините кои ги привлекуваат другите луѓе.

1. Индивидуалност

Концептот за себе се дефинира со идејата за себе и карактеристиките кои си ги придавате. Треба да се разберете самите пред да очекувате да бидете разбрани од другите. Без разлика што се случува, оптимизмот треба да ви биде главна одлика и треба да знаете како да ги правите работите подобри. Штом ќе се разберете, ќе ги знаете вашите предности и недостатоци. Луѓето се привлечени од личности со изразена индивидуалност. Оваа индивидуалност може да биде повеќе работи – ораторски способности, вашиот моден стил и слично. Овде не станува збор за носење облека бидејќи мнозинството смета дека е убава, туку важно е вашата облека да ја дефинира вашата природа и да го нагласи вашиот карактер. На овој начин луѓето ќе ве запомнат и ќе сметаат дека сте интересна личност.

2. Јасна цел

Во психологијата постои феномен кој е наречен ефект на прилагодување. Неговата основа е идејата дека кога луѓето бараат заедничко решение, не знаат еден за друг бидејќи сите го прават истото. Од друга страна, кога ќе настане нов проблем се отвораат многу нови можности. На пример, 5-мина работат на некој проект. 4-ца од нив ги следат правилата и сакаат да завршат што побрзо. Но 5-тиот додава нови параметри на проектот од кои се појавува можноста за продолжување на времето на работа, како и надградување на проектот. Тогаш другите 4-ца ќе ги забележат придобивките од размислувањето на 5-тиот и ќе бидат инспирирани од него. Тие ќе му се восхитуваат бидејќи тој смислил подобра можност и цел додека тие работеле без креативност.

3. Немојте да се жалите

Луѓето кои постојано се жалат имаат негативно влијание на другите. Според психологот Лиса Хулиано, секоја ситуација е можност за наоѓање некоја грешка за луѓето кои се жалат. Ова создава стрес кај личноста што се жали и може да предизвика депресија. Замислете си дека не ја сакате храната која ви е понудена во мензата на работното место. Наместо да побарате решение, вие секој ден се жалите за тоа. Ова не само што ве разочарува вам, туку ги заморува и другите кои ве слушаат. Бидејќи се жалите за храната, веројатно ќе почнете да се жалите и за многу други работи, и тоа ќе ви стане навика. А кога некоја личност се жали, таа ја покажува својата неспособност за прилагодување. Листата на поплаки само продолжува да расте. Вие постојано ќе бидете разочарани и ќе ширите негативна енергија, а никој не сака да се дружи со негативни луѓе. Па, престанете со жалење и научете да се прилагодувате.

4. Самодоверба

Самодовербата е една од најпривлечните сили. Секој сака личност со самодоверба. Доктор Марк Вајт тврди дека самодовербата се изедначува со верата, а тоа е како да верувате во нешто за коешто не можете да бидете сигурни. Луѓето со самодоверба се привлечни бидејќи тие се задоволни од себе и не им е грижа што другите мислат за нив. Овие луѓе не се натпреваруваат со никого, туку другите се натпреваруваат со нив за и тие да почувствуваат самодоверба.

5. Гледање во очи

Кога го гледате соговорникот право во очи вие создавате силна врска. Очите кажуваат многу. Според психолозите, кога го гледате соговорникот во очи вие му давате до знаење дека го слушате и дека вашето внимание е насочено кон него. Гледањето настрана секогаш укажува на недостаток од интерес, или пак непочитување кога станува збор за професионалниот свет.

6. Слушање на другите и добро раскажување

Според Бернард Ферари, слушањето на другите резултира со добар увид. Кога внимателно ќе го слушате вашиот соговорник, вие му покажувате почит. Исто така, ако сте добар раскажувач, другите ќе сакаат да ве слушаат вам.

7. Говор на телото

Гестикулациите се одличен начин да ги импресионирате другите. Според психолозите, движењата со рацете, нозете или пак изразите на лицето имаат позитивно и негативно влијание кај другите. Наместо да зборувате премногу, малата гестикулација, како поминување со прстите низ косата или начинот на кој го држите приборот за јадење, ќе ве направи многу попривлечни.

Нашите гестикулации, однесување, начинот на кој зборуваме и сличните елементи го рефлектираат нашиот карактер. Позитивното однесување кое вклучува љубов и почит кон другите се „појавува“ со овие карактеристики и нè прави привлечни. Па, следен пат обрнете внимание на овие работи и секогаш ширете позитивна енергија.

Погледнете и како да привлечете нови луѓе во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар