Психолошки трикови кои ќе ви помогнат полесно да ги прочитате луѓето
15. Ракување со допир
Соговорникот може да го допре вашето рамо или рака. Ова значи дека му недостига комуникација. Колку допирот е поблизок до телото, толку на соговорникот му е потребно повеќе друштво.
16. Местење на вратоврската
Значењето на овој гест зависи од ситуацијата. Ако мажот го направи ова во присуство на убава жена, може да биде знак дека му се допаѓа. Но, исто така може да значи дека на личноста ѝ е неудобно.
17. Собирање влакна
Многу често луѓето го прават ова кога не се согласуваат за нешто, но не сакаат да кажат. Тие не го кажуваат своето мислење јасно, но сигурно сметаат дека нешто е погрешно.
18. Нозе на маса
Овој гест може да значи многу работи – лошо однесување, непочитување, доминација, па дури и дека личноста се грижи за своето здравје. Психолозите веруваат дека ако оваа положба ви е удобна, треба да ја правите само дома.
19. „Јавање“ на столот
Многу луѓе ги иритира кога некој седи на овој начин. Оваа положба е позната кој доминантните луѓе. Ако не сакате да изгледате слабо во близина на личност која седи вака, останете на своите нозе.
20. Играње со чевлите
Прекрстените нозе се една од најпривлечните женски положби. Ако жената си игра со нејзиниот чевел, таа сака да го привлече вниманието кон нејзините нозе. Овој гест укажува дека жената е смирена и опуштена и е на некој начин зелено светло за мажот.
21. Контакт со очите
Очите се прозорец на душата. Можете да прочитате многу емоции од очите на другите. Кога гледаме некој што ни се допаѓа, нашите зеници може да се зголемат и до 4 пати. Ако личноста е гневна зениците може многу да се намалат.
За малку забава, погледнете ги и психолошките трикови со кои можете да ги изиграте вашите пријатели.