Психолошки бариери од кои треба да се ослободите за да имате неверојатен живот

Психолошки бариери од кои треба да се ослободите за да имате неверојатен живот

Замислете си дека сте во балон кој брзо почнува да се спушта надолу. Што би направиле за да останете во воздух? Се разбира, ќе почнете да ги исфрлате непотребните работи за да не создавате дополнителна тежина. Истото важи и со вашиот ум. Кога премногу работи ви „тежат“, може да ви изгледа невозможно да се придвижите напред. Поради тоа погледнете ги психолошките бариери од кои треба да се ослободите што е можно побрзо.

Психолошки бариери од кои треба да се ослободите за да имате неверојатен живот

Отстранете ја токсичната приврзаност

Според будизмот, приврзаноста е корен на сите страдања. Речиси сите ние сме приврзани за нешта кои воопшто не ни служат. Размислете кон што сте приврзани вие и обидете се да се ослободите од тоа. Секоја токсична приврзаност можете целосно да ја отстраните.

Ослободете се од чувството на вина

Чувството на вина воопшто не ви служи. Размислете дали всушност можете да решите нешто со него. Вината само ве држи во затворот на страдањето и тагата.

Отстранете го негативното размислување

Песимистичките мисли и негативните ставови ве држат заробени и имаат влијание на што и да правите. Не заборавајте дека вашите мисли го оформуваат светот околу вас.

Престанете да се критикувате

Многу често, вие сте вашиот најголем непријател. Можеби се критикувате со најдобра намера, но неретко ги надминувате дозволените граници. Тогаш критикувањето се претвора во обесхрабрување. Па, ослободете се од него и бидете добри и љубезни кон себе.

Отстранете го компулсивното размислување

Дали постојано работите нешто само затоа што мислите дека треба да правите нешто, без некаква причина? Време е добро да размислите дали од овој начин на функционирање и делување добивате нешто добро.

Заборавете на туѓото признание

Неретко луѓето бараат признание од другите, а ова не е воопшто добро. Вие имате ваш живот што треба да го живеете како што сакате. Барањето признание само покажува дека сакате внимание, а ова влијае на вашата самодоверба и самопочит.

Престанете да одложувате за утре

Ова е „техника“ со која пробувате да ги завршите важните задачи. Обидете се да бидете свесни кога ќе се случи ова и натерајте се да го направите тоа што треба колку и да не сакате. Не заборавајте дека најтешкиот дел е почетокот.

Ослободете се од анксиозните мисли

Овие мисли потекнуваат од стравот и неизвесноста за иднината. Мислењето дека ќе се случи нешто лошо е само уште една нереална мисла што сте ја создале вие. Секогаш запрашувајте се дали овие мисли се засновани на вистински докази.

Отстранете ги непотребните работи

Понекогаш имаме навика да го полниме животот и животниот простор со многу работи кои не ни се потребни. Исфрлете сè што не употребувате и поедноставете го вашиот живот.

Погледнете и како да се променете себеси и луѓето околу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар