Психолог ги открива 4-те грешки во расправањето што ви ја убиваат врската
Психологот Џон Готман може да предвиди дали некоја врска ќе заврши со точност од 91%. Неговата прогноза е заснована на набљудувањата од расправиите на парот. Откако го посветил неговиот живот на проучување на паровите, доктор Готман открил дека оние кои раскинуваат настојуваат да се расправаат на 4 одредени начини.
1. Критикување
Критикувањето е начин на справување со проблем кој вклучува напаѓање и обвинување на другата личност. Кога го критикувате вашиот партнер, укажувате дека со него има нешто погрешно и непоправливо, особено бидејќи критикувањето често е придружено со зборовите „секогаш“ и „никогаш“. Ова прави вашиот партнер да се чувствува нападнато и одбиено. Нема како да одговори освен да се одбрани.
Ако сакате да го промените тоа однесување, пробајте ги следниве совети:
- Опишете ја ситуацијата без да судите. Избегнете ја употребата на „секогаш“ и „никогаш“.
- Што е можно појасно кажете како се чувствувате за ситуацијата.
- На позитивен начин кажете што ви е потребно.
Имајте на ум дека ова не е знак за раскинување, но сепак претставува опасност за вашата врска.
2. Презир
Презирот е можеби најсилниот сигнал за развод. Кога комуницирате со презир, вие сте навистина злобни кон партнерот и целта ви е да покажете непочитување. Ако сте навикнати на потценување, сарказам, навредување и превртување на очите, тогаш често користите презир. Ова е навистина штетно бидејќи прави партнерот да се чувствува безвредно.
За да се спречи ова однесување, потребни се и двајцата партнери:
- Следниот пат кога ќе се расправате, вие и вашиот партнер треба да ја намалите толеранцијата за лоши коментари и однесување.
- Работете на тоа да почнете да се цените. Презирот се појавува кога личноста се фокусира на недостатоците на партнерот, па потребно ви е спротивното. Фокусирајте се на нештата што ги сакате кај вашиот партнер и секој ден запишувајте по едно нешто за коешто сте благодарни во вашата врска.
3. Одбрана
Одбраната често е одговор на критикувањето. Тоа значи дека измислувате изговори и играте жртва, а понекогаш дури и го обвинувате партнерот за да се повлече. Сепак, ова не ви е од помош бидејќи изговорите само покажуваат дека не ги сфаќате сериозно грижите на партнерот и дека не сакате да преземете одговорност за вашите постапки.
Ако обично кажувате работи како „Не направив ништо погрешно“ или „Не е моја вина“, можеби често користите одбрана. Постојат неколку начини што ќе ви помогнат да го промените тоа:
- Одвојте време и активно слушајте го партнерот.
- Преземете одговорност кога треба.
- Искрено извинувајте се.
4. Затворање
Затворањето може да се појави кога ќе се собере негативноста од претходните 3 грешки и веќе станува неподнослива. Кога се затворате, вие градите ѕид помеѓу вас и партнерот, се повлекувате од расправата, не се обидувате да го започнете разговорот и се оддалечувате физички и емоционално.
Затворањето е деструктивно бидејќи прави вашиот партнер да се чувствува одбиено и напуштено. Ако во текот на расправата си заминувате или воопшто не разговарате со партнерот, тогаш вие сте совршен пример за затворање. За среќа, можете да пробате една техника.
Ако ви е потребно време да размислите за проблемот, вдишете неколку пати и средете ги мислите. Кажете му на партнерот дека ви е потребен момент и продолжете со разговорот кога ќе бидете подготвени. Само на овој начин партнерот ќе фати дека се грижите за себе и вашата врска и не се обидувате да го одбиете.
Доколку постојано ги правите истите грешки во љубовта, поставете си ги овие 5 прашања.