Претходно
Пржени јаболка со цимет
Есенска гозба… прсти да излижеш
Потребни состојки:
- Две јаболка со средна големина исечени на кришки
- 2 супени лажици путер
- Мешавина од шеќер и цимет во прав (кога ги мешате шеќерот и циметот соодносот нека биде 4:1)
- 50 г кафеав шеќер
- 1 супена лажица пченкарно брашно измешано со 2 супени лажици вода
Начин на подготовка:
- На вжештена тава растопете го путерот. Со растопениот путер прелијте ги јаболката. Врз смесата наросете од мешавината од шеќер и цимет по вкус. Смесата ставете ја на оган во тава за печење и повторно наросете од шеќерот и циметот.
- Покријте ја тавата и редовно замешувајте додека јаболката не омекнат. Со виљушка проверете колку се меки јаболката.
- Додајте го и кафеавиот шеќер и добро промешувајте додека сè не се истопи. Разделете ги јаболката и стопениот шеќер на две страни од тавата. Врз стопениот шеќер додајте ја смесата со пченкарно брашно и мешајте многу брзо. Така смесата со шеќрот и пченкарното брашно ќе се згусне. Вратете ги јаболката и измешајте ги заедно.
- Тргнете ја тавата од оган и сервирајте.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.