Прво работно место: Очекувања наспроти реалност

Прво работно место: Очекувања наспроти реалност

Еден од најсреќните денови на секоја личност е кога конечно ќе успее своето знаење и труд да го претвори во пари. Доколку тој ден конечно пристигнал и за вас, тогаш добро е да ги погледнете следниве неколку нешта со кои неизбежно ќе се соочите. Ние не сакаме да ви ги срушиме соништата, но сепак имајте на ум дека не живеете во филм од Холивуд. Најважното нешто е дека со првата работа вие ќе се здобиете со многу искуства, ќе запознаете голем број интересни луѓе како и дека ќе бидете далеку поподготвени за следните предизвици во вашиот живот.

Прво работно место: Очекувања наспроти реалност

Очекувања: Својата прва плата ќе ја потрошите на сите оние прекрасни и прескапи нешта за кои сте мечтаеле додека сте студирале.

Реалност: Да бидеме искрени, платата која ја добиваат почетниците е далеку од висока. Особено ако сте станале независни и ако сакате да им помогнете на вашите родители. Но, ова не треба да ве обесхрабри. Како што ќе поминува времето, така полека ќе можете да си ги дозволите сите оние нешта кои отсекогаш сте ги посакувале. Патот од 1.000 километри започнува со 1 чекор.

Очекувања: Вашите колеги ќе бидат одлични и згодни момци и девојки.

Реалност: Без разлика на вашето работно место, вие сигурно ќе имате барем еден колега или колешка. Да бевме дел од филмска приказна, оваа личност сигурно би била најдобрата во градот, згодна и прекрасна, богата, со која на почетокот не би се согласувале добро, но во која на крај неизбежно би се заљубиле. И покрај тоа што ова често се случува во филмовите и сериите, реалноста е далеку поинаква. Вие најмногу што можете да очекувате од вашите колеги е дека со тек на време ќе станете добри пријатели.

Очекувања: Конечно заработувате, па веќе не зависите од родителите.

Реалност: Замислете го следново сценарио… Петок. Вие седите во вашиот стан, јадете шпагети и го пропуштате отворањето на новиот клуб само затоа што вашата плата ќе ви пристигне дури за 1 недела. Добро би ви дошол некој денар од мајка ви и татко ви, се согласувате?

Очекувања: Бизнис патувања, состаноци, отмен начин на облека…

Реалност: Еден ден сигурно ќе ги доживеете овие нешта, но не можете да очекувате дека уште од првиот ден на работа ќе ви тече мед и млеко. Вие најпрво мора да стекнете работни навики, искуство, познанства… Токму затоа не се обидувајте да бидете нешто што не сте, па не ги брзајте нештата премногу. Дозволете си тие да се развиваат сами по себе, бидејќи никој не станал успешен преку ноќ.

Очекувања: Ако докажете дека сте подобри од другите, вашиот шеф ќе го запомни тоа и брзо ќе напредувате.

Реалност: Трудот, работата и упорноста се најважните доблести кои можете да ги покажете. Но, немојте да одите на работа исклучиво со идејата да се докажете брзо и врз основа на тоа да добиете награда. На првото работно место вие најпрво само ќе учите и стекнувате навики. Токму затоа и фокусирајте се да ги совладате овие нешта и да научите што е можно повеќе од вашиот ментор. Тие секако ќе го забележат вашиот напредок и труд, кој ќе биде соодветно награден. Доколку претерано се трудите во желбата да бидете забележани, можете да бидете доживеани како иритантни и напорни, а тоа нема никому да му се допадне.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. волфгирл Reply

    Нема врска,јас од најниска позиција стасав до администрација,работа од соништата,за коашто се образував.Во врска со платата ,да малку се опуштив но важеше она колку што ти е долга чергата толку ќе си ги пуштиш нозете,а за тоа дека шефот ќе биде благодарен жими лактово,затоа мене по макотрпен труд за кој бев пофалена,ме сменија,за на мое место да ја стават од газдарицата другаркаи (бидејќи од сите тие што бевме вканцеларија само јас немав грбче,сама со свое знаење и труд напредував),ако претходно беше на повеќе високи функции ама за никаде не ја бидуваше,освен да брка луѓе од работа со кодошење и клеветење.

Остави коментар