Првиот чекор до здраво и цврсто тело е најтежок: Погледнете како да го направите!

Првиот чекор до здраво и цврсто тело е најтежок: Погледнете како да го направите!

Што повеќе одложувате, толку е помала веројатноста дека ќе го направите првиот чекор. Доколку имате вишок килограми, почетокот на сериозното вежбање и диетите за вас претставува вистински подвиг. Сепак, покрај потешкотиите, може да ги совладате вашите стравови, да свртите нов лист и да започнете нов, здрав живот. Имајте само две работи на ум: не ги гледајте вежбањето и намалената исхрана како казна, туку како нов, подобар почеток. Исто така, не поставувајте цели кои не можете да ги постигнете, бидејќи така само ќе се разочарате. Еве неколку совети за тоа како да ја смените исхраната и да се посветите на вежбањето.

1-prviot-chekor-e-najtezhok-poglednete-kako-da-go-napravite-www.kafepauza.mk_

Чекор 1: Ослободете се од вагата

Намалувањето на килограмите е долготраен и бавен процес. Ако згора на сè, секојдневно гледате и во бројките на вагата, ќе ја изгубите волјата за да продолжите. Ако вежбате, во првиот месец ќе ја зголемите својата тежина, бидејќи градите мускулна маса која е потешка од салото. Затоа фокусирајте се на исхраната и редовните тренинзи, а заборавете на вагата. Резултатите нема да ви избегаат.

Чекор 2: Фокусирајте се на своето здравје

Многу поважно е како се чувствувате, отколку колку килограми имате. Не е добро да бидете ни премногу слаби. Верувајте дека многу девојки се борат и со премала телесна тежина, и никако не можат да се здебелат.

Добрата работа е тоа што физичката активност е поврзана со доброто расположение и здравјето. Со секојдневните прошетки или лесни вежби можете да постигнете многу: освен тоа што ќе ви го подобрат расположението, вежбањето ќе ви даде мотивација и за понатамошни активности.

Чекор 3: Немојте веднаш да трчате

Трчањето никако не е физичка активност за оние кои за прв пат започнуваат со вежбање, бидејќи многу лесно можат да се здобијат со повреди. Одењето е многу попријатна, полесна и подобра опција. Секојдневно одвојувајте по 20 минути за брза прошетка, бидејќи е помалку стресна од трчањето.

2-prviot-chekor-e-najtezhok-poglednete-kako-da-go-napravite-www.kafepauza.mk_

Чекор 4: Пронајдете го вистинското место за вежбање

На квалитетот на вежбањето влијае и просторот во кој вежбате. Ако не сте задоволни, сè поретко ќе одите во тој фитнес центар и на крајот, најверојатно, ќе се откажете. И не мора да одите веднаш во теретана – брзото одење воопшто не е лош почеток за создавање на здрави навики.

Чекор 5: Пијте 2 литри вода секој ден

Одличен начин да започнете со намалување на исхраната е во првите месец дена да пиете по два литри вода секој ден. Пробајте, па уште после неколку дена ќе ја забележите разликата. Ќе го регенерирате вашиот организам, лесно е остварливо, а овој мал успех ќе влијае на вашата самодоверба и на вашата мотивација за да продолжите понатаму.

Чекор 6: Планирајте ги активностите

Одредете што и кога ќе правите во наредните неколку дена и придржувајте се до тоа. Остварените цели ќе ве исполнат и со леснотија ќе си поставите нови. Пополека, физичката активност ќе ви стане рутина и нешто што нема да сакате да го прескокнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар