Прва средба со неговите родители: Еве на кои трикови за убавина да внимавате

Прва средба со неговите родители: Еве на кои трикови за убавина да внимавате

Средбата со родителите на вашиот партнер може да ве направи премногу нервозни затоа што на некој начин тоа влијае на вашата врска. Но, нема потреба да се изложувате на дополнителен стрес. Пред сè, треба да запаметите дека довербата е клучна работа. Откако ќе ја изберете совршената облека за оваа пригода, на ред е да ги изберете и производите за убавина. Не сте сигурни дали вашиот маникир е соодветен или пак, дали ќе им се допадне вашиот парфем? Следете ги овие неколку совети доколку сакате пред неговите родители да изгледате како шармантна, убава и прекрасна девојка!

1. Фокусирајте се на вашите најдобри карактеристики. Можеби имате сјајна и густа коса на којашто многумина ѝ завидуваат или пак можеби вашите огромни трепки се оние со коишто заведувате. Без оглед на тоа која е вашата најпривлечна карактеристика, неа треба да ја истакнете на посебен начин. Не сте сигурни од каде да започнете? Погледнете некои совети што ќе ви помогнат да ја изберете бојата на карминот која најмногу ви одговара или пак со сенки направете вашите очи да изгледаат неверојатни. Довербата е клучна, а привлекувањето внимание со вашата омилена карактеристика ќе ве натера да се чувствувате погорди.

2. Не експериментирајте со трендовите. Ако никогаш не сте користеле моливче за очи во боја, оваа вечер не е најпогодна за тоа. Држете се до она што го знаете, дури и тоа да е само нанесување пудра, маскара и малку балсам на вашите усни.

3. Одморете се добро ноќта пред посетата. Иако обожавате да излегувате до доцна навечер, доколку сакате да изгледате убаво, потребно е претходната ноќ да се одморите добро. Така, кожата ќе ви изгледа посјајна и почиста. Исто така во текот на ноќта можете да нанесете маска за наредното утро да се разбудите посвежи. Но, доколку сепак се разбудите уморни, пробајте недостатоците да ги сокриете со шминка.

4. Ставете маскара. Дури и да не е дел од вашата секојдневна рутина, сепак нанесете малку маскара (доколку не обожавате црна, испробајте темно кафеава). Маскарата ќе ви ги отвори очите и ќе ви ги направи посјајни – совршени за долги разговори каде што ќе имате чести контакти со очите. Исто така пробајте да ги извиткате трепките пред да нанесете маскара.

5. Истакнете ги вашите образи со руменило. Без разлика на тенот, руменилото ќе направи вашата кожа да изгледа поздраво и поблескаво, дури и ако природно изгледате бледо.

6. Не ставајте премногу парфем. Наместо премногу парфем, нанесете свеж спреј на вашата коса и лосион за тело, а парфемот во големи количини оставете го за други прилики.

7. Четкајте ги забите и чистете ги со конец. Оралната хигиена е секогаш важна. Неубавиот здив ќе остави многу полош впечаток отколку размачканото моливче за очи.

8. Користете фиксатор за шминка. Непријатно е чувството кога ќе прегрнете некого и притоа ќе оставите траги од вашата шминка на нивната облека. Нанесете спреј што ќе ја задржи вашата шминка на лицето и притоа ќе ви помогне таа да трае подолго.

9. Бидете верни на својот изглед. Не настојувајте да се правите нешто што не сте. Ништо нема да направи да се чувствувате посамоуверено отколку вашиот личен стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар