Прва помош: Нега на природните нокти после вадењето на вештачките
Вештачките нокти може да изгледаат убаво, но штом ги извадите, тогаш започнуваат маките со природните нокти, честопати оштетени од лепакот, поради што е тешко да ги пуштите да пораснат. Доколку сте подготвени да започнете со негување на своите природни нокти, тогаш ви носиме неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа.
1. Што пократко, толку подобро
Кога ќе ги пуштате ноктите, многу е важно редовно да ги скратувате. Во првите неколку недели од растењето, вашите нокти сигурно не се доволно јаки за да не испукаат во текот на израснувањето.
2. Масажа на рацете
Одлучете се за третман богат со витамин Е, маслиново и кокосово масло. Не само што рацете ќе ви бидат помеки отколку порано, туку и овие состојки ќе ви ги нахранат вашите кутикули и ќе го забрзаат растот на ноктите.
3. Топла купка
Постојат многу методи кои може да ги направат ноктите поздрави и да го забрзаат нивниот раст. Потопувајте ги во сок од портокал, маслиново масло или млеко во рок од 10 до 15 минути, неколку пати неделно и веднаш ќе ја забележите разликата.
4. Помош од професионалец
Иако можете да си пружите разни третмани кои ќе ги зајакнат ноктите во домашни услови, одењето на маникир сигурно ќе помогне повеќе. Од салонот ќе излезете со негувани нокти, а вие ќе се грижите подобро за нив откако ќе поминат низ рацете на професионалец.