Прсти да излижете: Рецепт за десерт со чоколадо, шлаг и банани

Прсти да излижете: Рецепт за десерт со чоколадо, шлаг и банани

Денес ви споделуваме рецепт за вкусен германски колач со чоколадо, банана и шлаг. Не само што е вкусен туку е е и лесен за подготовка.

Прсти да излижете: Рецепт за десерт со чоколадо, шлаг и банани

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 180 грама шеќер
  • 125 грама путер
  • 3 лажици ванилин шеќер
  • 50 грама брашно
  • 20 грама какао во прав
  • 1 и ½ лажичка прашок за пециво
  • 100 грама мелени бадеми
  • 110 грама рендано чоколадо
  • 3 лажици шлаг
  • 2 банани
  • ½ лимон

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Покријте го садот за печење со хартија. Изматете ги белките со малку шеќер додека не се стегнат. Измешајте го путерот со малку шеќер и ванилиниот шеќер додека смесата не стане пенеста. Измешајте ги жолчките малку по малку. Измешајте ги и брашното, какаото, прашокот за пециво и мелените бадеми додека не добиете изедначена смеса. Измешајте ги изматените белки и додадете малку чоколадни трошки. Префрлете го тестото во калапот и печете во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 30 минути. Оставете го колачот целосно да се излади.

2. Со лажица издлабете го центарот на колачот длабок околу 1 см. Со лажица издробете го колачот во сад.

3. Изматете го шлагот со ванилиниот шеќер и остатокот од шеќерот. Промешајте го остатокот од чоколадните трошки. Излупете ги бананите, исечете ги на половина по должина и посипете ги со сок од лимон. Врз издлабената кора наредете ги исечканите банани и покријте ги со шлаг. Одозгора нанесете ги преостанатите парчиња колач. Оставете го колачот да се излади во фрижидер најмалку 1 час.

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за арапски десерт во кој ќе уживате со сите ваши сетила.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар