Прсти да излижете: Француски десерт без печење
Денес ви предлагаме француски десерт кој е лесен и брз за подготовка и кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство.
Потребни состојки:
- 600 милилитри ладно млеко
- 500 милилитри шлаг
- 100 грама чоколадо за готвење
- околу 30 чајни бисквити (во зависност од големината на садот)
- 2 кесички инстант пудинг од ванила од 85 грама
Начин на подготовка:
1. Во правоаголен сад ставете еден слој бисквити – еден до друг – така што да го покрие дното.
2. Со миксер мешајте го ладното млеко со инстант пудингот неколку минути додека не добиете цврст крем.
3. Во него додадете половина количина од шлагот. Мешајте сè додека не добиете еднолична смеса.
4. Половина од добиениот крем прелијте го врз наредените бисквити во садот.
5. Покријте го кремот со уште еден слој бисквити и врз нив ставете го остатокот од кремот.
6. Врз тортата ставете уште еден слој бисквити.
7. Ставете го колачот во фрижидер да отстои околу два часа.
8. Остатокот од кремот загрејте го на шпорет (не дозволувајте да зоврие!) и измешајте го со парчињата чоколадо.
9. Намачкајте го изладениот колач со чоколадниот крем.
10. Послужете ја тортата добро изладена. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусна торта со чоколадо и ореви без печење.
Извор: punkufer.dnevnik.hr