Прстенот кој го носите може да открива многу за вас
Ако вашиот вереник ви предложи сами да го изберете вереничкиот прстен, имајте го на ум обликот за кој ќе се одлучите, бидејќи тој може да открие многу за вашата личност.
Овален
Сакате да претерувате и да ги преминувате границите. Кичот за вас е позитивен збор, кој лесно го ставате во комбинации.
Тркалезен
Вие сте традиционална личност која има многу длабок, пријателски и романтичен однос со партнерот.
Четвртест
Сакате скапи и елегантни работи и имате многу префинет и пребирлив вкус. Сакате да фантазирате и да сонувате за недостижното.
Облик на солза
Сакате класично и невпечатливо, но со доза на индивидуален стил. Самостојна личност сте и многу посветена.
Облик на око
Обожавате ретро стил и копнеете за елеганцијата и гламурот на златниот Холивуд од 40-титие.
Облик на срце
Вие сте непоправлива романтичарка за која не постои изразот „помалку е повеќе“. Сакате гламур и бајки и не се срамите тоа да го признаете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.