Провокативни игри на улоги кои ќе ви ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот партнер

Провокативни игри на улоги кои ќе ви ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот партнер

Понекогаш доволно е само малку глумење со цел да се постигнат неверојатни резултати во креветот. Кога излегувате од рамките на личноста која сте и преземате сосема нов идентитет, вие едноставно се ослободувате од стегите кои сте си ги поставиле и станувате многу похрабри во сексот. Па, доколку ви е потребно мало разгорување на страстите помеѓу вас и вашиот партнер, тогаш овие игри на улоги без сомнение ќе ви помогнат да ја остварите оваа цел!

Провокативни игри на улоги кои ќе ви ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот партнер

Големиот, лош шеф и кроткиот вработен

Вие отсекогаш сте имале симпатии кон вашиот силен и моќен шеф, но премногу сте професионални за да ги преминете граници. И тоа не се менува сè додека една вечер не испиете премногу чашки алкохол на празничната забава во канцеларијата. Одеднаш, двајцата се наоѓате сами во канцеларијата на вашиот шеф и знаете дека не треба да направите ништо, но сепак тој е премногу убедлив во својата намера да ве освои и едноставно му се предавате!

Полицаецот и криминалецот

Сигурно во последно време невнимателно сте возеле низ градот, воопшто не грижејќи се за полицијата. Тоа се случува бидејќи вие сте добро познат криминалец, кој едноставно сака да биде фатен и изведен пред правдата. Вие сте подготвени да ја научите лекцијата за вашите грешки. Одеднаш ве сопира најсекси полицаецот кој некогаш сте го виделе и пред да забележите, вашите соништа се оствариле – вие сте со лисици на рацете, на задното седиште од полицискиот автомобил.

Двајца странци

И двајцата седите на шанкот во бар, убаво облечени. Вие пиете вино, а личноста до вас виски. Можеби од страна изгледа совршено, но никој не забележува дека сте тажни затоа што личноста со која всушност требало да се сретнете ве извисила. Како што бесцелно гледате во празната чаша вино, одеднаш почнувате да чувствувате рака на вашето рамо. Кој е тоа? Тотален странец. Но, поради некоја необјаснива причина, има неверојатна поврзаност помеѓу вас двајца… Вие немате навика да се вратите во вашиот дом со личност чие име не го знаете, но овој пат едноставно не сте можеле да издржите…

Професорот и студентот

Вие сте професор и знаете дека не смеете да ја набљудувате жешката и секси студентка со големите очила бидејќи тоа е против правилата. Но, зарем не ви изгледа како таа да останува по завршувањето на предавањето повеќе од останатите? Како да сака да ви каже дека би останала уште повеќе, доколку го побарате тоа од неа.

Мајсторот и богатата домаќинка

Ах, лавабото едноставно не престанува да капе. Тоа е толку голем проблем за зафатена домаќинка како вас! Вие едноставно не можете да поднесете хаос во домот за кој толку многу се грижите. Токму затоа и во паника се јавувате на мајстор, кој брзо потоа заѕвонува на вашата врата. Вие обожавате маж во униформа, нели? Изгледа не му требало само на лавабото поправање…

Личниот тренер и клиентот

Вие се обидувате да правите склекови, додека вашиот лут и фрустриран тренер едноставно ви се дере со цел да ве мотивира да не престанете, притоа не верувајќи дека не можете ниту 10 повторувања од оваа вежба да направите. Но, склековите не се единствените вежби кои можат да ви помогнат да ја одржите формата, се согласувате? Вашиот личен тренер е тука за да се погрижи да вежбате, без разлика на начинот или методот.

Војникот и надредениот

Неговата задача е да ви дава наредби, а вие да ги слушате. Едноставно немате ниту време, ниту простор да се двоумите за неговите барање, бидејќи постојат толку многу нешта кои зависат од вашето извршување на должноста, па токму затоа и слепо ги следите сите наредби кои излегуваат од неговата уста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар