Претходно
Протеинска салата со никулци од наут
Пробајте го овој рецепт кој е одличен за вашето здравје и за витка линија!
Потребни состојки:
- 200 г никулци од наут
- 200 г никулци од пченица
- 1 млад лук
- 1 краставица
- 1 морков
- сок од лимон
- сол
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Излупете ги морковот и краставицата, а потоа исечкајте ги ситно, изрендајте ги или ако имате машина што прави „шпагети“ од зеленчук искористете ја неа.
- Исечкајте го младиот лук ситно, а ако не е сезона на младиот лук, тогаш слободно заменете го со кромид или праз.
- Измешајте ги никулците со зеленчукот, зачинете по вкус и послужете со парчиња лимон.
Можеби ќе ве интересира и овој брз рецепт за фахитас.