Протеинска бомба: Рецепт за брз и вкусен појадок

Протеинска бомба: Рецепт за брз и вкусен појадок

Немате време да подготвите појадок? Не грижете се. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за брз појадок полн со протеини кој е готов за помалку од 10 минути.

Протеинска бомба: Рецепт за брз и вкусен појадок

Испржете ги јајцата, помешајте ги со малку варен грав, сирење и зеленчук па со оваа смеса завиткајте ги тортиљите. Доколку немате време да појадувате дома, можете да ги завиткате тортиљите во фолија и да ги однесете на работа.

Потребни состојки за едно лице:

  • 1 голема тортиља
  • 2 јајца
  • 75 грама конзервиран грав
  • 50 грама рендано сирење по желба
  • 2 лажици кечап
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја тортиљата во тава.

2. Испржете ги јајцата како кајгана и префрлете ги на тортиљата.

3. Конзервираниот грав измешајте го со кечап и додадете го во јајцата. Врз оваа смеса додадете и рендано сирење.

4. По желба можете да додадете и рендана зелка, шери домати, пиперки, кромид, маслинки, авокадо или друг зеленчук.

5. Завиткајте ги сите состојки во тортиљата. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот предлог за брз и вкусен појадок, можеби ќе сакате да прочитате и рцептот за вегански тортилја сендвич.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар