Просечната жена ги крие овие 5 нешта од својот сопруг

Просечната жена ги крие овие 5 нешта од својот сопруг

Кога стапува жената во брак, таа дава ветување дека како сопруга ќе му кажува сѐ на својот маж, дека нема да крие нешта од него и дека со него ќе ги споделува и убавите, но и неубавите моменти од својот живот. Сепак, ова во пракса не се случува баш секогаш. Мажената жена многу често ги крие овие 5 тајни од својот партнер, што неретко може да ја чини и самиот брак.

Unhappy couple sitting silently after argument

1. Здравствени проблеми

Кога жената ќе забележи младеж со неправилен облик или некоја грутка во градата, таа најверојатно тоа ќе го скрие од својот маж. Првата личноста на која ќе ѝ каже за промената е нејзината мајка или нејзината сестра.

„За да не би ги преплашиле своите сопрузи, жените најчесто молчат во врска со своите здравствени тегоби“, наведуваат експертите.

Најчесто молчат бидејќи сакаат да ја негираат целата ситуација, но тоа не значи дека така проблемот ќе исчезне. Доколку го споделат овој проблем со своите сопрузи, веројатно ќе добијат поддршка и ќе се чувствуваат далеку полесно отколку ако одлучат да ги чуваат во тајност својот сомнеж и својата загриженост. Всушност, една од добрите страни на бракот е тоа што партнерите можат да се потпрат еден на друг во секој момент и за сѐ што ќе се појави на нивниот пат.

Couple fighting

2. Проблеми во врската

Животот на мажените жени е постојана борба, препукување и несложување во врска со родителските и домашните обврски, како и за многу други работи. Жените најчесто за недоразбирањата и проблемите со своите сопрузи, молчат и трпат и на тој начин ништо не решаваат по тоа прашање.

Често одат сами на терапии или на советување и тоа само заради едно прашање кое себеси си го поставуваат: Вреди ли да се борам за него и за бракот?

Дури кога се 100% сигурни дека нивниот сопруг е вреден за борбата, ќе почнат отворено да зборуваат со него за проблемите во нивната врска, кои во тој момент и почнуваат да ги решаваат.

Тоа не е фер за мажите, бидејќи така жените не им ја даваат можноста на нив да се борат за истиот брак во кои и самите се наоѓаат. Жените треба да им дадат право на глас, па дури потоа прво секој посебно, а потоа и заедно да одлучат дали бракот е вреден за понатамошна борба или не.

3. Сексуални фантазии

Жените за секс многу ретко зборуваат, а кога сакаат да разговараат за незгодни интимни теми, најчесто им се обраќаат на блиските пријателки. Често се жалат дека сопругот не ги задоволува, но вистината е дека нивната пријателка, освен сожалување, не може да им понуди решение на проблемот. Кога би ги споделувале своите фантазии со сопругот или пак би им кажувале што ги возбудува и на кој начин тој може да го направи тоа, и сексуалниот живот драстично би им се подобрил.

Man looking at his girlfriend having a headache sitting at a tab

4. Личен успех

Жените се во состојба на работа да ринтаат, да се кршат од работа и да успеат да ја остварат најголемата цел, а кога ќе дојдат дома, тоа да не му го соопштат на својот сопруг. Тие се плашат дека на тој начин може да го повредат својот партнер, дека тој може да се чувствува помалку како маж и така одлучуваат тоа да помине незабележано. Но, да бидеме реални, ако мажот не е задоволен што покрај себе има успешна и силна жена, тогаш тој не ни вреди да го дели животот со вас.

5. Пари настрана

Криењето пари од мажот за некои жени е златно правило научено од нивните мајки. Тоа е за нив единствениот начин тие да имаат некои резерви настрана, во случај бракот да не успее. Некои жени имаат расипнички мажи, а некои од нив понекогаш трошат повеќе одошто би смееле, па одлучуваат да ја кријат таа информација дури и од самите себе.

Меѓутоа, криењето на вистинската состојба на банкарската сметка од сопругот не е идеално решение, бидејќи како прво, во бракот ништо не би требало да се крие, а како второ, ако сакате да се осигурите за во случај бракот да не ви успее, тогаш бракот веројатно и нема да ви успее штом воопшто размислувате за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар