Пропржени тестенини со зеленчук и павлака

Пропржени тестенини со зеленчук и павлака

Вкусен ручек со богат вкус…Пропржени тестенини со зеленчук и павлакаПотребни состојки:

  • 200-300 г сварени тестенини
  • 4 пиперки во различни бои (жолта, зелена, портокалова и црвена)
  • 2 лажици масло за готвење
  • сол и бибер
  • биозачин
  • 200 мл кисела павлака

Начин на подготовка: Измијте ги пиперките и исечете ги на кругови. Во тавче загрејте го маслото и потоа ставете ги пиперките.

Додадете малку биозачин, а по десет минути додадете ги и тестенините. Ставете малку сол и бибер и лесно мешајте со дрвена лажица за тестенините да се запечат убаво.

Кога тестенините ќе добијат златно-жолта боја, тргнете ги од оган и оставете ги неколку минути да се оладат. Потоа додадете ја киселата павлака, убаво измешајте ги и послужете ги.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    Брзиот тек на живеење наметнуваат и брз начин на приготвување на храна.Постојаната трка со времето и без да сакате ве прави повеќе да мислите на тоа да не губите време во приготвување на храната и побргу да завршите со оброкот но при тоа несвесно го занемарувате фактот за нутритивната вредност на оброкот и тоа со колкава и каква енергија тој ве снабдува за успешно да го продолжите денот.Овој рецепт е еден од таквите рецепти со тоа што моја сугестија е барем тестенините да бидат интегрални од цело зрнесто брашно,а ако сакате повеќе енергија во денот тогаш приготвувајте оброк во кој храната најминимално термички ќе се обработи и со тоа во себе ќе зачува многу повеќе витамини толку потребни за вашиот организам и во оброкот комбинирајте намирници чија енергија се надополнува и вас нутритивно ве збогатува.
    Со почит Весна Пирузева Петровска

Остави коментар