Пронајдете ја вашата животна цел со помош на овој индикатор
Сите понекогаш сме се запрашале која е нашата цел во животот. Понекогаш може да поминат повеќе години размислувајќи и губејќи време преиспитувајќи се себеси што е она што треба да го правиме во животот и во што навистина уживаме. Оние коишто сметаат дека си ја пронашле својата цел, се навистина среќни. Но, многу луѓе, колку и да размислуваат, не можат да сфатат што е тоа што навистина сакаат да го прават. Доколку и вие спаѓате во оваа група и чувствувате дека времето ви одминува, треба да знаете дека вистинскиот одговор се крие во вашата Енергија.
Енергија наспроти енергија
Кога се вели Енергија (со големо Е), не се мисли на физичката енергија што ја вложувате во секојдневните задачи или енергијата што ја добивате со внесувањето храна и пијалаци. Оваа Енергија се однесува на енергијата околу вашето тело, таа е онаа што е присутна во секој ваш здив и што ве прави да бидете единствени.
Па, како ова може да ви помогне да откриете која е вашата животна цел? Едноставно е: Кога сте во согласност со вашата внатрешна Енергија, работите ќе се одвиваат подобро и вие ќе се чувствувате поубаво, па и обратно, кога не сте на иста страница со вашата внатрешна Енергија ќе се чувствувате потешко и несреќни. Овие се клучни знаци за да сфатите дали сте или не сте во согласност со вашата внатрешна Енергија.
Секој треба да исполни одредена цел што му е доделена, а за да ја пронајдете, треба да ја следите својата Енергија и да слушате што ви зборува. Кога ќе го направите ова, работите ќе ви изгледаат полесни, без разлика за што се однесуваат. Значи, доколку се чувствувате болно, депресивно, тешко или пак чувствувате дека сте ментално исцрпени, можеби треба да посветите поголемо внимание на вашата Енергија што ќе ви овозможи да го пронајдете вистинскиот пат.
Како да бидете во согласност со вашата Енергија?
Потребно е да посветувате време на активности во животот коишто ви даваат енергија, а не коишто ви ја исцрпуваат. Дали некогаш сте направиле нешто и сте се чувствувале прекрасно околу тоа? Дали два часа од денот сте ги чувствувале како да се две минути затоа што сте се чувствувале успешно? Ова е моментот кога сте биле усогласени со вашата Енергија. Повеќето луѓе имаат тенденција да го игнорираат ова, мислејќи дека само извршувањето на тешки и напорни задачи може да ги направи успешни и среќни.
Запишете ги работите што ви даваат енергија
Листата што ќе ја составите ќе ви ги прикаже работите од коишто црпете енергија. Без разлика дали сте останале цела ноќ да завршите некоја работа, доколку чувствувате дека тоа е добро за вас и дека го правите на вистинскиот начин, тоа значи дека сте усогласени со вашата Енергија. Па, запишете ги вашите силни страни и што сакате да правите, без разлика колку тоа на почетокот ќе ви изгледа безначајно.
Запишете ги работите што ви ја одземаат енергијата
Бидете искрени со себе и престанете да ги правите работите што длабоко во себе ги мразите. Никој не може да биде добар во сѐ, затоа, прифатете се онакви какви што сте и следете ги вашите соништа. Запишете ги сите активности кои мислите дека ви ја одземаат енергијата и отстранете ги од вашиот живот.
Останете верни на вашата внатрешна Енергија
Клучна работа е да ги практикувате оние активности што ви даваат енергија, а да ги игнорирате оние што ви ја исцрпуваат. Запаметете дека ако нешто ве прави задоволни и среќни, без разлика колку напорно би го постигнале тоа, вие ќе имате добри резултати. Бидете достојни на својата Енергија и таа ќе ви помогне да останете на вистинскиот пат дури и кога ќе се соочувате со тешки времиња. Кога ќе ја најдете вашата животна цел усогласувајќи ја со животната Енергија, вие ќе станете подобри личности, подобар партнер, мајка, татко, колега, сосед или пријател. Енергијата е во секој од вас и чека да биде забележана!