Пронајдете го вашиот пат: 20 индијански животни правила

Пронајдете го вашиот пат: 20 индијански животни правила

Етичкиот кодекс на северноамериканските Индијанци може сите нас да нè инспирира на важни промени во размислувањето, како и во начинот на живеење. Доколку се чувствувате како да сте го изгубиле вашиот пат, погледнете ги следниве 20 индијански животни правила кои можат да ве вратат во вистинската насока.

Пронајдете го вашиот пат: 20 индијански животни правила

1. Станете заедно со сонцето и помолете се. Правете го ова почесто и Големиот Дух ќе ги послуша вашите зборови.

2. Бидете толерантни кон оние кои избегале од својот пат. Незнаењето, лутината и љубомората доаѓаат од изгубените души. Вие фокусирајте се на наоѓањето на вашиот пат и не ги осудувајте другите.

3. Пронајдете се себеси. Не дозволувајте им на другите да ве насочуваат во вашиот живот. Тоа треба да биде само ваша одлука. Другите можат да одат покрај вас, но никој не може да оди напред наместо вас.

4. Бидете љубезни кон гостите во вашиот дом. Послужете ги со најдобрата храна, понудете им го најудобното место и секогаш бидете фер и праведни.

5. Не го земајте она што не е ваше. Без разлика дали станува збор за нешто од луѓето или природата. Вие ниту сте го заслужиле тоа, ниту сте го добиле.

6. Почитувајте сè што постои на Земјата. Започнувајќи од луѓето, па сè до животните и растенијата.

7. Почитувајте го мислењето на другите, како и нивните желби и зборови. Никогаш не ги прекинувајте другите додека говорат, не им замерувајте, не ги осудувајте ниту пак исмејувајте. Секоја личност има право на свое мислење кое може слободно да го изрази.

8. Никогаш не зборувајте лошо за другите. Сета онаа негативна енергија која ја испраќате, со тек на време ќе ви се врати во многу поголема мера.

9. Сите луѓе грешат. Не постои грешка која не може да биде опростена доколку навистина се покаете. Вие не треба да бидете безгрешни за да бидете добри.

10. Негативните мисли го заболуваат умот, телото и духот. Обидете се да вежбате да бидете поголеми оптимисти.

11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Природата е еден вид наша глобална фамилија, па токму затоа и треба да ја почитувате.

12. Децата се иднината. Во нивното срце всадете љубов, водете ги со мудрост и учете ги како да живеат. Но, кога тие ќе почнат да растат, дајте им простор сами да се пронајдат.

13. Избегнувајте да ги повредувате срцата на другите. Никогаш не знаете како оваа болка може да ви се врати вам.

14. Секогаш бидете искрени. Без исклучоци.

15. Одржувајте ја својата рамнотежа. Вашето ментално, духовно, емоционално и телесно „јас“ мора да бидат подеднакво силни, чисти и здрави. Во здравото тело живее здрав дух. Никогаш не го заборавајте тоа.

16. Свесно одлучете кои ќе бидете, како ќе се однесувате и како ќе стоите зад своите постапки. Преземете одговорност за она што сте и за она што го правите.

17. Почитувајте ја туѓата приватност и личниот простор. Не се мешајте во туѓите работи, особено во оние свети и духовни области. Тоа е забрането.

18. Бидете сигурни во себе. Не можете да бидете грижливи и да им помагате на другите доколку не сте грижливи кон себе и прво не си помогнете самите на себе.

19. Почитувате ги туѓите верски верувања. Не ги присилувајте другите да веруваат во оние нешта во кои верувате вие.

20. Делете ја својата среќа. Колку повеќе ја делите, толку повеќе таа ќе се зголемува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. jelena Reply

    mnogu ubavo

Остави коментар