Пронајдете го соодветниот накит за тенот на вашата кожа

Пронајдете го соодветниот накит за тенот на вашата кожа

Летото е одличен период за потемнување и мали промени во тенот. Без разлика дали бевте на летување или едноставно се изложивте на повеќе сончеви зраци, вашиот тен веројатно барем малку се променил. Иако жените мислат дека секој накит одговара на сечиј тен, тоа и не е баш точно. На секоја нијанса на кожа ѝ одговара различен накит. Накитот е еден од полесните делови при склопување на совршената модна комбинација, или барем така изгледа. Но, постојат некои парчиња кои се посоодветни за одредена боја на кожата, за разлика од други.

pronajdete-go-soodvetniot-nakit-za-tenot-na-vashata-kozha-kafepauza.mk

1. Како да откриете каков тен имате?

За да го одредите вашиот тен, најдобро е да започнете со чисто лице (ако сте користеле средство за самопотемнување, почекајте една недела па пробајте го ова). Исчистете го лицето од шминка, употребете хидратантен крем и почекајте барем 15-тина минути да се впие. Вака, кожата ќе се навикне на влажноста на воздухот и температурата од вашата околина.

Земете огледало и застанете на светло. Не мора да биде на сонце, но на место каде што доаѓа природна светлина. Ставете парче бела хартија до вашето лице. Ако кожата има розовкаст сјај во однос на хартијата, вие имате бледникав (светол) тен. Ако кожата изгледа кафеава или златна тогаш имате темен тен. Темниот тен изгледа одлично со златни, црвени, портокалови и корални бои, а светлиот со сребрени, сини и зелени нијанси.

1-Pronajdete-go-nakitot-koj-i-soodvetstvuva-na-vasata-koza-kafepauza.mk

2. Како да го пронајдете соодветниот накит за вашиот тен?

Веќе откривте каков тен имате и какви додатоци ви прилегаат, сега останува да ги пронајдете соодветните парчиња накит.

На потемен тен (маслинест и црн), златото, скапоцените камења и светлобелите бисери изгледаат луксузно и одлично.

Посветлите тенови изгледаат прекрасно со сребро, платина и одредени нијанси на розово злато. Скапоцените камења како морганит, аквамарин и бисери во нежни нијанси на розова, корална и сива исто така стојат прекрасно.

Но, постојат тенови кои се на средината помеѓу овие два екстреми. За среќа, правилата кои се однесуваат на мешањето метали, камчиња или текстури повеќе не важат, односно слободно можат да се прекршуваат. Од бројни алки од различни материјали до повеќе прстени на неколку прсти – овие трендови ги „живеат“ своите 5 минути популарност, така што балансот што ќе го направите најмногу ќе зависи од вашиот личен вкус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар