Промените се неизбежни: 10 фундаментални вистини што ќе ви го променат животот

Промените се неизбежни: 10 фундаментални вистини што ќе ви го променат животот

Многу е лесно да се заборави на важните нешта во животот. Преполните распореди и монотоните рутини го окупираат мозокот и тој почнува да функционира автоматски. Кога работите не одат онака како што сте посакувале, тоа е така најчесто затоа што сте го изгубиле фокусот и сте заборавиле на вистинските животни вредности. Но, тешко е да се сконцентрирате на фундаменталните вистини, особено кога тие ве потсетуваат дека се движите во погрешна насока.

Промените се неизбежни: 10 фундаментални вистини што ќе ви го променат животот

Најдобрите нешта во животот не доаѓаат на лесен начин. Мора да станете свесни за себе и да ја негувате вашата љубопитност, бидејќи во спротивно ќе живеете просечно.

„Неистражениот живот не вреди да се живее.“ – Сократ

Животот и работата се засноваат на прашања, а не на одговори. Мора постојано да се прашувате дали се движите во вистинска насока. Она што ви треба е да се потсетите на животните вистини и да се фокусирате на нив. Во тој контекст, запаметете ги следниве 10 фундаментални вистини што ќе ви го променат животот…

1. Најголемите успеси се случуваат по најголемите падови

Никогаш нема да постигнете вистински успех, ако не сте научиле како да прифатите неуспех. Грешките ви го поплочуваат патот до успехот со тоа што ви помагаат да сфатите кога се движите во погрешна насока. Најголемите откровенија се случуваат кога чувствувате најголема фрустрација и безнадежност. Токму фрустрацијата ве принудува да размислувате поинаку, да ги проширите видиците и да го согледате решението што цело време сте го испуштале. Успехот бара трпение и способност да се зачува позитивниот став дури и кога се чувствувате како сите бродови да ви потонале.

2. Ако сте зафатени, тоа не значи дека сте продуктивни

Погледнете ги луѓето околу себе. Сите изгледаат зафатени, одат од состаноци на состаноци и постојано читаат имејлови. Но, колкумина од нив создаваат нешто продуктивно што ќе им донесе успех на повозвишено ниво? Успехот не е производ на дејствувањето и движењето, туку на фокусот. Фокусот ќе ви помогне да го искористите времето паметно и продуктивно. Вашиот ден трае исто толку колку и денот на сите луѓе на светот. Искористете ги часовите паметно. Најважен е крајниот продукт, а не вложениот труд. Треба да вложувате труд во работи кои со сигурност ќе ви донесат резултати.

Промените се неизбежни: 10 фундаментални вистини што ќе ви го променат животот

3. Успешни сте онолку колку што се успешни луѓето кои ве опкружуваат

Треба да се стремите кон тоа постојано да бидете опкружени со луѓе кои ве инспирираат и го извлекуваат најдоброто од вас. Сигурно имате такви луѓе покрај себе. Но, што е со оние кои ве влечат назад? Зошто им дозволувате да бидат дел од вашиот живот? Луѓето кои прават да се чувствувате безвредно, нервозно и немотивирано ви го трошат времето и вие полека почнувате да се претворате во нив. Животот е премногу краток за да се дружите со такви луѓе. Ослободете се од нив.

4. Го живеете животот што самите сте го создале

Вие не сте жртви на околностите. Никој не може да ве принуди да донесувате одлуки и да правите работи кои се судираат со вашите вредности и амбиции. Вие самите сте ги создале условите во кои живеете денес. Исто така, вашата иднина зависи само од вас. Ако се чувствувате заглавени во едно место, тоа е така затоа што се плашите да ги преземете ризиците кои ви се потребни за да ги постигнете вашите цели и да го живеете вашиот сон. Кога ќе треба да донесете некоја важна одлука, запаметете дека секогаш е подобро да бидете на дното од скалата што сакате да ја искачите, отколку на врвот од скалата што не сакате да ја искачите.

Промените се неизбежни: 10 фундаментални вистини што ќе ви го променат животот

5. Стравот е најголемиот извор на каење

Секогаш повеќе ќе се каете за шансите што сте ги пропуштиле отколку за вашите неуспеси. Не плашете се да преземате ризици. Честопати луѓето велат дека најлошото нешто што може да им се случи е да го изгубат животот. Но, смртта не е најлошото нешто што може да ви се случи. Најлошото нешто е да дозволите да умрете однатре додека сѐ уште сте живи.

Продолжете на следната страница за останатите 5 животни вистини…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар