Промени на рацете кои укажуваат на сериозна болест: 5 знаци кои не смеете да ги игнорирате

Промени на рацете кои укажуваат на сериозна болест: 5 знаци кои не смеете да ги игнорирате

Често се вели дека лицето е огледало на здравјето, но истото може да се каже и за нашите раце. Доколку редовно ги набљудувате, вие можете да препознаете неколку рани знаци кои укажуваат на појава на посериозни проблеми и болести. Откријте на што треба да обрнете повеќе внимание за да се заштитите на време.

Промени на рацете кои укажуваат на сериозна болест: 5 знаци кои не смеете да ги игнорирате

1. Вкочанетост на прстите и дланките – ревматоиден артритис. Токму вкочанетоста е еден од првите знаци на оваа болест. Најчесто се појавува паралелно со воспаление на истите зглобови и отеченост. Вкочанетоста одеднаш доаѓа и во текот на денот може да ги зафати сите зглобови во дланката, а болката да се шири нагоре кон раката. Ако забележите вакви промени, обратете се веднаш кај вашиот доктор.

2. Раце кои се тресат – Паркинсова болест. Тресењето може да биде резултат на претерано пиење кофеин или несакана последица на одредени лекови. Но, најчесто, силното тресење на рацете укажува на Паркинсова болест.

3. Нокти во две бои – болни бубрези. Поголемиот дел од пациентите со хронична болест на бубрезите има нокти во две бои – дното им е со бела боја, додека горниот дел има лесно или изразено кафеава боја. Ноктите кои лесно се кршат исто така можат да укажуваат на проблеми со бубрезите. И двете состојби се поврзани со зголемена концентрација на одредени хормони и хронична анемија кои се поврзуваат со болест на бубрезите.

4. Слаб стисок – проблеми со срцето. Јачината на стисокот со дланките ја покажува силата на мускулите, па доколку тој е слаб, тогаш покажува на општа слабост која може да е поврзана со недостаток од физичка активност. Едно големо истражување спроведено на 140 илјади луѓе од 17 земји ширум светот утврдило и дека оние кои имаат слаб стисок имаат и поголеми шанси за развивање болести на срцето.

5. Потење на дланките – хиперхидроза. Ако имате проблем со потење на дланките, пред да помислите на проблеми со тироидната жлезда, најпрво проверете да не станува збор за хиперхидроза – состојба на прекумерно и неконтролирано потење. Кај повеќето луѓе хиперхидрозата се препознава преку потење на точно одредени делови од телото како дланки, пазуви или стапала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар