Променете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!

Променете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!

Дали некои од вашите соништа останале неостварени? Колку ваши идеи останале скриени во некое катче во вашиот ум? Не заборавајте, никогаш не е доцна да го остварите сонот за кој сте сонувале пред 10, 20 или повеќе години!

Променете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!

Во модерната и позитивна психологија се појави моќно правило од 72 часа, кое гласи: Ако имаме идеја и сакаме да ја оствариме, мора да почнеме да ја спроведуваме во рок од 72 часа. Три дена или 72 часа е крајниот рок кога треба да ги преземете првите, дури и мали чекори – да разговарате за вашата идеја со експерт, да направите шематски план за нејзиното реализирање или дури и да спроведете истражување.

Како да се примени правилото од 72 часа?

Правилото од 72 часа не значи да брзате и да се обидувате да го остварите вашиот план во рок од 72 часа. Главната цел на овој принцип е тоа што ни помага да преминеме од фазата на планирање во фазата на акција. Затоа, ние автоматски се фокусираме на успехот на начин што веќе почнуваме да ги правиме вистинските чекори и сме подготвени да дојдеме до целта.

Но, пред да се посветите на постигнување на вашата цел и да се активирате, треба да одговорите на следниве прашања:

  • Која е мојата цел?
  • Како сакам да го постигнам она што го посакувам?
  • Колку време ќе ми треба да ја реализирам мојата идеја?
  • Што треба да знам, со кого треба да разговарам, каде да одам, што да научам?
  • Какви тешкотии ме чекаат? Како ќе се справам со нив?

Ова е првиот чекор во примената на правилото од 72 часа, по што следи фазата на планирање. Во оваа фаза, неопходно е да излезете од вашата комфорна зона и да бидете подготвени да зачекорите во непознатото. Размислете за вашите планови, размислете на кој начин ќе ја спроведете вашата идеја, консултирајте се со поискусни луѓе и сето тоа запишете го на хартија.

Правилото од 72 часа има и психолошки придобивки. Тоа ќе ви овозможи да надминете бројни бариери и блокади кои се јавуваат во фазата на планирање на активностите. Од друга страна, можно е да се појават сомнежи кај оние кои сакаат да направат значителна промена од типот „Дали сум доволно паметен/а?“; „Можам ли финансиски да си го дозволам тоа?“; „Зошто мислам дека можам да го направам тоа ако никогаш порано не сум бил/а во овој бизнис?“.

Емоциите често се вклучени во нашиот процес на одлучување или промена, но важно е да ги ставите под контрола . Ако сфатите дека негативните емоции се јавуваат поради стравот од напуштање на зоната на удобност, тогаш треба да работите на личен саморазвој и зголемување на самодовербата.

Откако прочитавте за ова моќно правило, можеби ќе сакате да прочитате и за тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар