Променете го вашиот начин на размислување, со цел да пронајдете партнер кој ви одговара
Совршениот состанок не е само прашање на среќа. Понекогаш сѐ што ви е потребно е среќна пауза од сите случувања, за да пронајдете некој кој ќе ви одговара. Сепак, начинот на кој се гледате себеси, романтиката и животот во глобала, исто така е голем фактор за тоа колку сте подготвени да пронајдете одличен партнер за себе. Кога ќе престанете на секој состанок да гледате како на последна шанса за среќа, тогаш ќе се промени целиот ваш став. Со само неколку промени во вашиот начин на размислување, вие ќе сфатите дека состанувањето може да биде многу забавно и брзо ќе ги отстраните оние луѓе кои не се вистинските за вас. Еве како да размислувате повеќе позитивно, со цел да привлечете посоодветни партнери во вашиот живот.
1. Наместо да велите „Мразам да сум сингл“, помислете „Имам среќа што запознав интересни нови луѓе“
Доколку одите на состаноци само затоа што не сакате да бидете сингл, тогаш не сте во состојба да правите правилни избори кога станува збор за потенцијалните нови партнери, затоа што вие најпрво ќе гледате само да бидете во врска, без да избирате соодветен партнер. Наместо тоа, сконцентрирајте се на забавната страна од тоа да се биде сингл, односно слободата да излегувате со нови и интересни луѓе.
2. Наместо да мислите „Никој нема да ме сака“, помислете „Другите луѓе се среќни што се состануваат со мене“
Кога вашата самодоверба е ниска, вие сте подложни на партнери кои ќе се однесуваат лошо кон вас, а сето тоа се случува бидејќи не се цените доволно. Затоа, останете сингл одредено време и обидете се да ја зголемите својата самодоверба и самопочит.
3. Наместо да мислите „Немам за што да зборувам“, помислете „Јас сум интересен/а исто како и секој друг“
Дали сте склони да верувате дека другите луѓе се многу поинтересни од вас? Доколку одговорот е потврден, тогаш вие нема да бидете во можност да уживате со која било личност. Имајте малку верба во себе и во начинот на кој го живеете вашиот живот. Сѐ додека имате што да работите, имате со што да се занимавате и сте во тек со одредени настани, вие сте способни за разговор исто како и секој друг.
4. Наместо „Лош/а сум во љубовните врски“, помислете „Учам нешто плус со секоја нова љубовна врска“
Никој не е роден совршен и секој учи преку искуството. Кога ќе одлучите да започнете да учите од вашите грешки, наместо да се жалите за нив, вие ќе станете повеќе способни да изберете соодветен партнер и да одржувате здрава врска. Секој состанок е шанса да ги унапредите своите социјални вештини и секоја врска, без разлика дали е добра или лоша, може да ве научи на многу вредни лекции.
5. Наместо да помислите „Ми треба партнер“, помислете „Би сакал/а да запознам некој/а посебен/а, а до тогаш ќе уживам во животот“
Очајот е многу непривлечна особина за потенцијалниот партнер. Доколку се чувствувате некомплетни без некој до вас, тогаш време е да промените нешто. Исполнете го вашиот живот со активности кои ќе ви донесат радост и тоа ќе ве направи повеќе привлечни.
Овие промени не значи дека ќе можете да ги направите преку ноќ, туку тие може да траат со недели или со месеци. Сепак, вреди да вложите труд. Дајте си ја на себе најдобрата можна шанса за да пронајдете партнер кој ќе ви одговара.