Пролетни модни комбинации кои мора да ги испробате уште овој викенд!

Пролетни модни комбинации кои мора да ги испробате уште овој викенд!

Трипати ура за овој викенд. Ура, ура, ура! Конечно два слободни дена каде што најпрво нема да правите ништо, а потоа слободното време ќе можете да си го посветите себеси, за забава, за опуштање, дружење со пријателите и за сè останато за кое сте немале време преку целата работна недела. Нели е совршено? Освен тоа што за викендот ќе се забавувате повеќе отколку обично, но и ќе се одморите, исто така конечно ќе можете да се ослободите од досадниот дрес код кој толку многу ве уморува и ве ограничува кога се во прашање вашиот стил и изглед. Па така, доколку во текот на работната недела сте носеле монотони, работни комбинации, тогаш викендот е вистинското време за своите планирани активности да ги збогатите со интересни и впечатливи комбинации во кои ќе се чувствувате пријатно и ќе изгледате модерно.

1-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

1. Најнапред, пролетните температури ни овозможуваат конечно да облечеме некое кратко здолниште, разлетани блузи и друга лесна гардероба. Ефективното здолниште украсено со кристали комбинирајте го со интересна блуза, а целиот изглед збогатете го со впечатливи кружни очила и мала чанта. Нема да погрешите ако изберете едноставни бели патики, бидејќи ова парче обувки во последно време започна да се носи за сите прилики и во сите комбинации.

2-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

2. Тексас кошулите се исто така апсолутен тренд за оваа сезона и веруваме дека веќе имате една во вашиот гардеробер. Без разлика каква нијанса на тексас преферирате, во комбинација со здолниште со фалти ќе ви даде лежерна, и тренди комбинација за опуштање и неформални прилики.

3-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

3. Ако во текот на зимата сте носеле едноставни црни комбинации, оваа пролет заменете ги со бели. Ако од глава до пети сте облечени во една иста боја, тоа на вашиот изглед ќе му даде посебен ефект и секако ќе оставите впечаток на модерна, стилизирана дама. На нас, многу ни се допадна овој бел, ефективен фустан кој совршено ја истакнува фигурата.

4-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

4. Пролетта е вистинско време за бои. Можеби јаките и впечатливи нијанси не можете да ги носите во текот на работната недела, но затоа кога е модата во прашање, викендот е добра прилика за да ја покажете својата оригиналност и креативност и да си поиграте со својот стил. Со едноставното здолниште од црн тексас облечете блуза во некоја силна боја и сите останати нека се вртат по вас. Секако, во позитивна смисла!

5-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

5. Со класичната црно-бела комбинација никогаш нема да погрешите. Ако сакате да го извлечете најдоброто од овој „безвремен“ спој, тогаш ваш избор нека бидат наједноставни фармерки и бела блуза, а „печат“ за целата комбинација нека биде впечатлива кожна јакна. Ова е без сомнение проверена рокерска комбинација за сите бунтовни девојки.

6-so-ovie-kombinacii-nikako-nema-da-pogreshite-proletni-kombinacii-koi-mora-da-gi-isprobate-ushte-ovoj-vikend-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за останатите 5 неверојатни пролетни викенд комбинации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар