Пролетна инспирација: Кои бои на коса ќе бидат хит оваа сезона?
Според познатите фризери, за време на пролет 2016 ќе владее убавиот и природен изглед на косата. Жените со години ја бојадисуваат својата коса и драстично ја менуваат бојата со цел да се издвојат, но изгледа оваа сезона во тренд ќе бидат неутралните бои кои прават вашата коса да изгледа поприродна. Па, доколку сакате да ја дочекате пролетта со нова фризура, тогаш погледнете ги следниве идеи и совети со чија помош вашата коса ќе биде апсолутен хит!
Златно руса
Доколку ова е вашиот избор, ви препорачуваме да не ја бојадисувате косата кај темето, туку да оставите дел кој ќе ја покажува вашата природна боја. Надолу можете да ја осветлите со различни нијанси, па основата нека ви биде златно руса со светли и темни руси прамени.
Топли кафеави и црни нијанси
Црната коса може да изгледа многу подобро доколку ѝ додадете топли бранови на кафеава боја. Со цел да имате посјајна и посвилена боја, можете да ја негувате со силиконски капки или масло за коса.
Огнено црвена
Дури и оваа боја може да изгледа природно доколку ја освежите со светли нијанси. Огнено црвената боја може да ѝ даде огромен сјај на вашата кожа.
Топли тонови на црна боја
Кога станува збор за темна коса, многу е важно таа да не добие син отсјај кој прави да изгледа неприродно. Токму затоа секогаш одбирајте ги едноставните и нежни нијанси на црната боја, со цел да го избегнете ефектот на мастило кој не изгледа добро.
Јагода руса
Доколку имате светол тен и светли очи, оваа боја ќе биде вашиот најдобар избор. Вие ќе изгледате едноставно романтично и снежно.
Темно кафеава
Доколку сте природна бринета, а сакате промена, бојадисајте ја вашата коса за две нијанси потемна. Новата боја ќе ве освежи, но нема многу да го промени вашиот изглед.
Карамела кафеава
Со цел да додадете нови тонови на вашата кафеава коса, најубаво би изгледало доколку ја осветлите на краевите и на областа околу лицето.
Медено руса
И за оваа боја е најдобро доколку се остави коренот во природната боја, додека останатиот дел треба да се осветли и збогати со прамени од медено руса нијанса.