Програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето - Part 2

Програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето

6. Ослободете се од брчките околу устата

Програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето

  • Поставете ги дланките на образите со прстите свртени зад вас.
  • Отворете ја устата и ставете го врвот на јазикот на горниот дел од усната празнина.
  • Нежно затегнете ја кожата околу носот на страна, додека притискате со врвот на јазикот.
  • Држете ја положбата 30-40 секунди.

7. Затегнете ја брадата

Програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето

  • Поставете ги показалците и средните прсти на јаболчиците.
  • Малку отворете ја устата и свиткајте ја долната уста навнатре кон забите.
  • Без да ја менувате положбата на долната усна, насмевнете се што е можно пошироко.
  • Држете ја положбата 30 секунди.

8. Намалете ги брчките на челото

Програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето

  • Поставете ги дланките на слепоочниците.
  • Нежно притиснете ги дланките кон скалпот сè додека не почувствувате затегнување на челото и под очите.
  • Држете ја положбата 20-30 секунди.

9. Спречете ги спуштените капаци

Програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето

  • Поставете ги врвовите на 3-те средни прсти на веѓите и затворете ги очите.
  • Подигајте ги веѓите нагоре со прстите сè додека не почувствувате затегнување над очните капаци.
  • Држете ја положбата 20-30 секунди.

Како да добиете најдобри резултати?

Програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето

  • Пред изведувањето на вежбите, темелно исчистете ги рацете и лицето. Потоа нанесете хидратантна крема за да ги направите движењата полесни.
  • Најдобриот период од денот за јога за лице е наутро. Ова ќе ви помогне да ги разбудите и да ги тонирате мускулите, како и да ги намалите отоците.
  • За време на вежбањето, дишете бавно преку носот, освен ако не е наведено поинаку.
  • За да избегнете појава на модринки, сите движења изведувајте ги нежно.
  • За да забележите резултати, потребно е да ги изведувате вежбите 30 минути дневно, најмалку 20 недели.

Пробајте ги и овие вежби за отстранување на подбрадокот и борите на вратот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар