Професионалните шминкери откриваат: Зошто би требало да ја нанесувате шминката со прсти?
Сите ние се трудиме да имаме богата колекција од четки за шминкање. Секако, за да го добиеме посакуваниот изглед користиме разни четки, бидејќи сите тие имаат различна намена и покриваат одреден дел од лицето. Па затоа, користиме една за нанесување пудра, друга за руменило, трета за мешање на сенките и така натаму. Но, професионалните шминкери открија 4 причини зошто би требало да ги заборавите четките и да ја нанесувате шминката со помош на прстите.
1. Ќе го постигнете оној секси „не се трудев“ изглед
„Кога ги користиме само своите прсти за нанесување на кремасти мејкап производи (бидејќи само таквите текстури може да се нанесат без помош од мејкап алати) се постигнува многу понеутрален и сензуален ефект“, вели Роуз Мери Свифт, мејкап артист и основач на RMS Beauty, линија на производи што лесно може да се нанесуваат со прстите.
2. Ќе имате поголема контрола (иако не ви се чини така)
„Вашите прсти ја чувствуваат текстурата, влажноста и лепливоста на производот, што со користењето на четка или сунѓерче не можете да го постигнете“, објаснува мејкап артистот Дик Пејџ, познат по тоа што многу ретко користи четки за шминкање.
3. Ќе ги изедначувате боите полесно
„Топлината од прстите го загрева производот и овозможува тој подобро да се стопи на кожата“, вели Свифт. „Темните пигменти убаво се размачкуваат, а пудрата едноставно се лизга по кожата.“
4. Хигиенски е
„Предности на шминкањето со помош на прстите? Секогаш знаете колку ви се чисти рацете.“ – вели мејкап артистот Том Печеукс. „Тоа сигурно не можете да го кажете за четките и сунѓерчињата кои ви стојат во влажната бања.“