Прочитајте зошто треба да имате чај или масло од кантарион во секое време во домот
Според народната традиција, но и научните сознанија, кантарионот (познат и како Богородична трева), успешно го победува лошото расположение и депресијата. Но, тоа не е неговото единствено лековито својство. Билката која ја красат цветови со силна жолта боја може да се најде во облик на чај или масло. Таа има изразено антибактериско дејство и е природен антисептик. Покажува поволно делување при третирање вирални и ретровирални инфекции. Во моментов се прават повеќе испитувања за влијанието кај вирусните заболувања како ХИВ и хепатитис Ц.
Од друга страна пак, вагиналетите со кантарион се применуваат како дезинфекција, бидејќи имаат широко антибактериско дејство. Во народната, но и традиционалната медицина, вагиналетите со кантарион се користат при голем број гинеколошки проблеми. Тие помагаат при обнова на слузокожата на грлото на матката и вагината, ги отстрануваат последиците на воспаленијата и белото прање кои се проследени со чешање, болка и чувство на пецкање.
Кантарионот се употребува и за лечење депресија, како средство за смирување. Во последниве години, кантарионот станува сè попопуларно кога станува збор за борбата против депресијата. Тој е одобрен како лек за употреба блага и умерена депресија во Германија, а признат е и од страна на Светската здравствена организација. Тој се користи и при справување со стравови, промени во расположението при менопауза и опсесивно компулсивно нарушување. Екстрактот од кантарион помага и при вознемиреност, неспокојство, лошо расположение и несоница.
Прочитајте ги и овие 7 нешта што треба да ги знаете за антибиотиците.