Прочитајте го овој текст доколку се прашувате дали да останете со вашиот партнер или да заминете

Прочитајте го овој текст доколку се прашувате дали да останете со вашиот партнер или да заминете

Дали некогаш сте биле во врска со некого и сте си го поставиле прашањето „Дали треба да си заминам или да останам?“ Сигурно знаете дека оваа ситуација воопшто не е забавна, бидејќи сте неодлучни и најчесто ја донесувате погрешната одлука. Премногу долго остануваме во токсични врски, но понекогаш и премногу брзо се откажуваме од прекрасна личност. Откако ќе го направиме тоа, се лутиме самите на себе, бидејќи посакуваме да можевме да ја предвидиме иднината и да ја донесеме правилната одлука. Доколку не знаете дали да останете со партнерот или да раскинете, не сте единствени. Порано или подоцна ќе мора да направите избор и да одлучите дали ќе останете или ќе заминете. Па, што ќе направите?

Прочитајте го овој текст доколку се прашувате дали да останете со вашиот партнер или да заминете

Дали треба да заминете?

Тешко е да се остави личност со која сте приврзани. Кога сте во врска, вашиот мозок физички се менува и ве врзува за партнерот што ја прави ситуацијата уште посложена. Иако станува збор за биохемички фактори, сепак повеќето луѓе не се ценат себеси доволно. Сета нивна вредност зависи од нивната врска. Немаат доволно самодоверба и тоа обично се должи на претходната врска кога биле повредени. Овие луѓе одлучуваат дека болката што им ја причинува партнерот е помала со болката што би ја чувствувале кога би останале сами.

Многумина смислуваат прекрасни оправдувања зошто треба да останат во ужасни врски. Ако забележите дека одбегнувате одредени теми на разговор и дека многу често се карате, тогаш време е да заминете. Никогаш не е лесно да се остави партнерот, но нештата ќе станат подобри. Мора да заминете. Сторете го тоа за себе.

Дали треба да останете?

Кога одите на љубовен состанок, обично правите листа на позитивни и негативни страни за да решите дали да продолжите да се гледате со таа личност или не. Можеби ова ви звучи чудно и смешно, но навистина функционира, бидејќи луѓето се емотивни суштества и понекогаш потребно е да ги тргнат чувствата на страна и објективно да ја согледаат ситуацијата.

Ако направите листа од особините што ви се допаѓаат и не ви се допаѓаат кај вашиот партнер, ќе можете да ја погледнете целата слика. Доколку сте лути, ќе ги гледате само лошите работи кај партнерот. Но, доколку сте среќни, тој ќе биде совршениот човек за вас. Размислувајте логично и дознајте кои работи ги обожавате кај вашиот партнер.

Во секоја врска доаѓа момент кога ќе се запрашате „Дали треба да останам или да заминам?“. Вашата неодлучност може да ве натера да ја донесете погрешната одлука и да останете во токсична врска или пак да се откажете од неверојатна личност. Дали ќе ѝ ја препуштите оваа одлука на судбината и ќе си кажете „Ако ни е судено, ќе успееме“ или пак сами ќе одлучите и сами ќе си ја одредите вашата судбина?

Сепак одлучивте да ја прекинете врската. Пред да донесете конечна одлука, ова се 11-те прашања кои треба да си ги поставите пред да му раскинете на добриот дечко кој ве сака.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар