Прочитајте го ова ако животот ви изгледа како бескрајна борба
Иако е тешко да признаете, штом го читате ова, вие се чувствувате повредени. Имате проблем кој ви создава физичко, емоционално и ментално страдање. Сè што треба да знаете е дека сè ќе биде во ред.
Ако погледнете назад кон вашиот живот, или животот на оние околу вас, ќе забележите дека тој е една постојана шема од добри и лоши денови. Кога работите се одвиваат добро, многу е тешко да се предвиди дека животот кога-тогаш ќе се „сруши“ врз вас. Иако некој ова би го нарекол здрав разум, ситуацијата е потешка за оној што е повреден. Здравиот разум и логиката не се решение бидејќи вие се справувате со емоции.
Ова е природата на животот и не можете да направите ништо за да го спречите тоа. Луѓето се надарени со широк спектар на емоции кои треба да бидат почувствувани во одреден период во животот, и сега вам ви е редот да почувствувате дел од нив. Вие се наоѓате во ситуација која ќе ве присили да се издигнете од дното и штом ќе заврши сето ова, ќе научите важна лекција.
Со сигурност може да се каже дека вашето страдање нема да биде постојано, но можете да го продолжите ако не дејствувате правилно. Во продолжение следуваат неколку начини на кои можете полесно да го надминете овој период:
1. Прифатете ја вашата болка и направете ја дел од вас. Вие минувате низ пречка која им се случува и на многу други луѓе. Искористете го ова време да станете посвесни, не само за да си помогнете, туку за да можете да го разберете и да се поврзете со секој човек на оваа планета.
2. Не се внесувајте премногу во вашето страдање. Во ред е да си дозволите некој ден да слушате тажна музика, да се оддалечите од другите, или пак, цел ден да останете во креветот. Но ова е повремено и треба така и да остане. Вашето решение не е да изградите тврдина околу вас, туку да се вратите назад во светот и да го насочите ова страдање кон нешто корисно за вас.
3. Животот не е потрага по постојана среќа. Ова е идеологија што треба да ја тргнете од вашиот ум, бидејќи е нереална. Човечкиот живот се состои од голем број чувства кои ќе протекуваат низ вас секојдневно. Не можете да ги блокирате емоциите, но можете да одберете како ќе реагирате на нив. А ова е целта на животот.
Запомнете, оваа борба сигурно ќе заврши наскоро. Дајте сè од себе да останете со бистра глава и немојте да правите импулсивни одлуки поради напливот на емоции. Вдишете длабоко, сè ќе биде во ред.
Ако чувствувате дека срцето ви тежи, прочитајте го и ова!