Прочитајте го ова ако се плашите дека ќе го избркате со анксиозноста
Ве разбираме како се чувствувате. Верувајте ни. Кога имате анксиозност, имате и чувство дека сите ќе ве напуштат. Имате чувство дека никогаш нема да бидете доволно добри за некого. Поради ова и се сомневате во секој ваш чекор. И сметате дека едноставно не вредите. Ниту за него, ниту за љубов.
Но ова се мисли на вашата анксиозност, а не на вас. Вие не сте вашата анксиозност. Вие сте вредни за љубов, вредни за личност која ќе ве сака со целото свое срце. Анксиозноста не ве прави грди. Таа не ве претвора во чудовиште, дури и покрај тоа што понекогаш ви изгледа така. Анксиозноста е само еден мал дел од вас, таа не е целото ваше битие.
Вашата анксиозност не треба да биде изговор. Не треба да ве спречи да барате љубов. Не треба да ве спречи да одите на љубовни состаноци, да му се насмевнете на момчето што ви се допаѓа. Таа не треба да се најде меѓу вас и вашиот живот.
Мислите дека сте скршени? Но зарем има убавина во совршеноста? Не. Токму малите несовршености се оние што ве прават уникатни и прекрасни. Има убавина во вашата кршливост. И има убавина во вашата храброст. Токму затоа и заслужувате да најдете голема љубов. Вие заслужувате да направите нечиј живот подобар со самото свое присуство, исто како што заслужувате и тој некој да ве направи да се чувствувате поцелосни.
Не ѝ дозволувајте на анксиозноста да победи. Не дозволувајте да има контрола над вашето срце. Не ја ставајте анксиозноста на прво место – не ѝ ја овозможувајте моќта што ја бара.
Вие сте личност што се бори со анксиозност, а не личност која е уништена од анксиозноста. Вие сте човечко суштество со маани, како и секој друг. Не сте единствените со овој проблем, ниту пак единствените кои се борат секојдневно.
Анксиозноста е само дел од вашата приказна, таа не е вашата цела книга.
Прочитајте и за проблемите во љубовта со кои се соочуваат анксиозните девојки.