Прочитајте го ова ако се чувствувате изгубено поради вашата депресија
Депресијата може да биде многу нешта покрај постојаното чувство на тага. Понекогаш таа е фантазирање за смртта бидејќи тоа ви изгледа како единствениот начин да почувствувате мир. Понекогаш таа е лежење во темна соба и спиење со часови, а потоа ви е тешко да сфатите како сепак се чувствувате изморени. Понекогаш депресијата значи и да не чувствувате ништо.
Постојат периоди кога депресијата ќе се сруши врз вас и ќе почне да влегува во секој дел од вашиот живот. Постојат периоди кога и не е толку лоша, кога успевате да отидете на училиште или на работа, но го минувате остатокот од слободното време во кревет. Не е лесно да се излезе од овој циклус, а можеби и никогаш нема целосно да се ослободите од депресијата. Потребна е напорна работа за да излезете од темнината и доколку се чувствувате вака, веднаш побарајте помош.
Иако депресијата е болна и прави да се чувствувате празно, не заборавајте дека таа не ве дефинира. Без разлика колку мислите дека ве обземала, сепак не може да ви ги одземе убавите нешта што ве прават личноста којашто сте. Сè уште сте сочувствителни и силни. Секогаш ќе бидете личност којашто се грижи, личност која внимателно ги одбира зборовите и личност која ги прашува другите како се чувствуваат. Сакате искрени одговори бидејќи знаете колку разлика можат да направат. И покрај тоа што минувате низ пекол, сепак не сте го изгубиле вашето срце.
Иако можеби сте изгубиле некој дел од вас, никогаш не сте биле целосно изгубени. Тешко е да се објасни оваа болест, а причините речиси никогаш не се познати. Важно е да разберете дека сепак вие не сте само вашата депресија. Секој кој знае како изгледа да чекори на Земјата со болка невидлива за другите и кој воглавно не е разбран, секогаш е понежен со другите луѓе. Иако понекогаш се чувствувате изгубено, најдобрите делови од вас не исчезнуваат, ниту пак вашата желба да им помогнете на другите. На овој свет му се потребни луѓе што ја разбираат темнината, бидејќи тие можат да ја донесат најсилната светлина.
Погледнете ги и овие чудни терапии против депресија за кои не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат.