Прочитајте го ова ако чекате бурата во вашиот живот да помине

Прочитајте го ова ако чекате бурата во вашиот живот да помине

Додека чекате оваа бура да помине, без разлика каква е, обидете се да ја замислите секоја претходна бура што сте ја преживеале. Обидете се што поживописно да се потсетите на секој период од вашиот живот кога сте биле апсолутно сигурни дека сте го достигнале дното, дека сте биле во толку голема паника што сте мислеле дека нема да успеете да ги надминете следните неколку месеци и толку изгубени што не сте размислувале подалеку од годината што сте ја живееле.

Обидете се и да замислите низ што сè сте поминале досега, што сè ве довело до овој момент, секоја ситуација којашто сте ја доживувале како крај на универзумот каков што го познавате… Успеавте? А сега потсетете се и дека не постоело ништо толку лошо во вашиот живот, колку стравот што сте го чувствувале за моменталната бура. Ништо.

Сè што сте мислеле дека нема да го надминете, е веќе надминато. Сè што сте се плашеле дека нема да го преболите, веќе е во минатото. Сè што сте мислеле дека ќе го заврши вашиот живот онаков каков што го знаете, е веќе поминато. И сите овие нешта ве направиле подобра личност.

Кога минувате низ тешко или предизвикувачко време во вашиот живот, вие добивате шанса да ја препознаете бурата однатре, а не однадвор. Нема потреба да бегате и да се криете од внатрешната бура. Тоа не е нешто што може да ве повреди. Најголемата опасност со којашто се соочувате сега е дека би можеле да не успеете од страв. Вашиот најголем непријател сте самите вие.

Нештата едноставно се случуваат. Врските завршуваат, кариерите се менуваат, љубените се загубуваат. Градовите се надградуваат, луѓето се преселуваат, светот продолжува да се врти.

Вие не се туркани или ставени на тест. Вие не треба да го заслужите мирот во вашата глава или пак, да се каете дека го немате. Ова може да биде моментот кога сè се менува за вас бидејќи токму кога минувате низ бура вие ја забележувате моќта што ја имате додека се обидувате да излезете од неа.

Не секој е подготвен да го чуе ова. Не секој сака да го чуе. Некои луѓе се чувствуваат побезбедно, пооправдано во улогата на жртви на нивните околности. И тоа е сосема во ред. Со тек на време ќе го надминат ова и во истиот момент штом сфатат дека сакате повеќе за себе, тие сте подготвени да го имаат тоа.

Најдоброто нешто што можете да го научите од овие бури е дека најголемиот предизвик во вашиот живот ви бил умот. Токму негативните мисли и грижи се тие што не ви дозволуваат да уживате во тоа што го имате, не ви дозволуваат да заштедите ништо за иднината и поради нив, поради вашиот парализирачки страв, вие пропуштате многу.

На сите ние се случуваат промени. Но нашиот одговор на ситуацијата е тоа што ќе одреди дали ќе страдаме или ќе уживаме. Постои изрека дека кога ќе излезете од другата страна на бурата сте многу поразлични од моментот кога сте влегле во неа. Но, тоа што луѓето не го разбираат е дека бурите завршуваат затоа што вие сте се смениле во неа.

Животот ве насочува само во насоката кон која треба да одите. Бурата се стишува кога ќе ги совладате вашите стравови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар