Процес од 3 чекори што ќе ви помогне подобро да ја слушате вашата интуиција
Иако некогаш сте се чувствувале засрамени кога некој ќе ве „фати“ дека зборувате самите со себе, што најчесто се поврзува со „лудост“, сепак, разговарањето самите со себе може да биде едно од најважните нешта во животот, што ви помага да се смирите во моментите кога сте напнати или нервозни. Многу често одговорите се кријат во самите вас, а нив можете да ги извлечете само доколку имате остварено добар однос со себе. Погледнете ги овие три едноставни чекори што ќе ве водат кон подобро разбирање на самите себе.
1. Одредете кои гласови не се ваши
Пред да можете да го слушнете сопствениот глас, треба да ги отстраните сите оние што не се ваши. Многу е важно да умеете да ги одберете вашите сопствени мисли, без притоа да имате влијание од надвор. Одберете што е она што ви е значајно во животот и следете го тоа, па колку помалку непотребни информации ќе апсорбирате, толку повеќе ќе го засилите вашиот сопствен глас.
2. Забележете што е она што ве заштитува во животот
Кога се наоѓате во лоша ситуација, секогаш имате навика да барате совети, предлози, стратегии или начини од списанија, книги и статии за тоа како да бидете „среќни“. Но, колку повеќе барате помош, толку повеќе ќе се уверувате самите дека ви е потребна. Вистината е дека никој не може да ви помогне подобро отколку што можете вие самите. Барајте ги одговорите во себе. Другите може да ви понудат поддршка, но никој не може да ви помогне да бидете подобра верзија од себеси. Отстранете го стравот, затоа што ги имате во себе одговорите речиси на сите прашања.
3. Променете го прашањето „како“ во „зошто“
Наместо да барате на Интернет како да го спречите прекумерното јадење, прашајте се себеси зошто барате утеха во храната во тој момент? Со поставување на прашањето „зошто“, наместо „како“, вие не сте во потрага само по брз лек кој ќе ви даде моментален одговор, туку навлегувате подлабоко во целата ситуација. Со прашањето „зошто“, вие всушност навлегувате подетално во душата и им помагате на свеста и на вашиот ум да бидат појасни.