Проблемот е што мислите дека имате време...

Проблемот е што мислите дека имате време…

Повеќето луѓе мислат дека имаат време за да ги завршат работите, но секогаш го прават истото: одложуваат. Вие верувате дека можете да направите сѐ во последен момент, а потоа доаѓаат проблемите. Сигурно сте имале некоја започната задача која секојдневно сте ветувале дека ќе ја довршите, но сте си повторувале „Има време, ќе ја завршам набрзо.“ Ова е погрешно. Немате време, освен ако не планирате како да го искористите мудро. Постојано размислувајќи на овој начин, вие нема да стигнете до посакуваната цел. Со одложувањето вие мислите дека имате време, а кога ќе дојде крајниот рок ќе немате ништо завршено. Зошто? Зошто да не ги завршите работите навремено? Тоа е само прашање на вашите навики.

Проблемот е што мислите дека имате време

Без промени, вие ќе бидете осудени да живеете живот без мир. Тогаш ќе се соочите со постојани обврски, притисок за исполнување на крајните рокови, ноќи без спиење, денови без одмор. Без да имате план во вашиот живот, вие нема да знаете кој е вашиот нареден чекор. Зошто? Затоа што мислите дека можете да го направите тоа, но во средината од денот ќе ја изгубите насоката и ќе ви изгледа дека целиот свет е против вас. Тогаш ќе морате да ги правите работите што не ги сакате. Времето ќе оди пред вас, а вие ќе останувате зад него и ќе немате начин да победите.

Потребно е да разберете дека времето е ограничено, па мора да научите да управувате со него со цел да добиете што е можно повеќе. Зар не би било убаво да имате совршен распоред и да ги завршите работите во точниот момент? Секако дека да. Тогаш тоа би бил совршен свет. Но, зошто не се случува ова? Затоа што треба да го промените вашиот начин на размислување. Мора да стекнете правилна навика, а ако не, тоа нема да ве води никаде. Откако ќе научите да управувате со вашето време, ќе се променат и вашите животи. Тогаш ќе можете да се грижите за најважните работи, нема да одложувате, ќе имате време да се одморите, време за вашето семејство и да уживате во секој момент. Повеќе нема да имате потреба да трчате наоколу и да брзате. Постои едно нешто што поголемиот дел од луѓето не го ценат, а тоа е сегашниот момент. Ова се должи на лошиот начин на размислување дека секогаш имате време. Но, ако се обидете да уживате во сегашноста, ќе пронајдете многу „невидливи“ работи кои до тогаш не сте ги согледале.

Проблемот е што мислите дека имате време

На пример, замислете дека имате на располагање само 48 часа. Дали сѐ уште ќе одложувате и ќе го трошите вашето време или повеќе би сакале да најдете начин за да ја искористите секоја минута? Сигурно ќе настојувате да добиете максимум. Така, би планирале што би правеле и би ги исфрлиле бесмислените работи, со цел да се фокусирате на вистинските насоки. Треба да бидете ориентирани на вашите обврски и да го смените начинот на кој мислите дека треба да ги завршите работите. Поставете си листи со цели кои мислите дека можете да ги постигнете.

Кога ќе го промените начинот на кој размислувате дека треба да ги завршите вашите обврски, ќе добиете нова и здрава навика. Не ви треба повеќе време, туку да се научите да ги правите вистинските работи, во вистинскиот момент. Откако ќе научите да се фокусирате правилно и да го планирате вашиот ден, ќе добиете многу слободно време. Па, мислите ли дека вреди да се обидете? Дали се осмелувате да го промените вашиот ум и да го подобрите својот живот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар