Проблеми во бракот: 6 начини да спречите неверство

Проблеми во бракот: 6 начини да спречите неверство

За жал неверствата денес стануваат сѐ почести и почести. Секојдневно читаме како некои од познатите двојки се развеле или биле изневерени и почнуваме да сметаме дека тоа е нормално. Не, не е нормално. Мажите не изневеруваат затоа што не ве сакаат туку затоа што сакаат промена и внимание. Некои дури се жалат дека им е здодевно. Секој сака партнер кој ќе има приоритетно место во животот на другиот. Еве неколку начини како да спречите вашиот партнер да ве изневерува.

1. Бидете спонтани во креветот и исполнете му ги најлудите сексуални фантазии

Ова бара повеќе труд ако имате деца или полн распоред, но ако сакате бракот да ви успее морате да најдете време. Плус, голема е веројатноста и вие да се чувствувате убаво после тоа. Спонтаноста не значи да му ја исполните секоја желба. Мажите сакаат кога го користите нивното тело за ваше лично задоволство. Зборувајте со вашиот партнер околу неговите сексуални желби и пробајте да ги исполните. Експериментирајте и со вашите сопствени фантазии. После ова, тешко дека ќе забележи друга жена кога вие цело време ќе му се вртите во мислите.

2. Не заборавајте да флертувате дури и кога децата се тука

За овие интимни гестови не ви е потребно многу време, а тие би можеле да ви го спасат бракот. Мажите се визуелни суштества затоа не заборавајте одвреме-навреме да го почестите со провокативен изглед. Ако ги обожува вашите гради, блузата со деколте ќе заврши работа. Можеби сте во кујната и треба да земете нешто. Ќе се наведнете иако носите кратко здолниште. Таква е намената на флертот: да биде забавен и возбудлив.

3. Бидете свесни за промената на динамиката во врската и бидете достапни за комуникација

Комуникацијата е неприродна и отежната работа за посилниот пол. Ако тој се обиде да комуницира со вас на каков било начин, сослушајте го место да се браните. Ако избувнете сега, тој ќе мисли дека тоа ќе го правите и во иднина и воопшто нема да се труди да комуницира. Сослушајте го и пробајте да најдете решенија на неговите проблеми. Така, тој ќе се охрабри повеќе да зборува и со тоа ќе ги намалите шансите за изневерување. Комуникацијата мора да биде двонасочна: двајцата мора да бидете отворени за проблемите.

1-problemi-vo-vrskata-6-nacini-kako-da-sprecite-neverstvo-kafepauza.mk

4. Направете да ве почитува

Многу од нив изневеруваат само затоа што мислат дека можат. Изневерувањето е најголемиот показател на непочитување. Постојат луѓе кои останале заедно само поради децата, но каков пример им давате кога прифаќате неверство? Дури и во моментите кога мислите дека добро го криете тоа, верувајте дека тие знаат што се случува. Знаат кога родителите се тим, а кога се лути непријатели. Размислете како вашите дела и избори ќе влијаат на нивните идни врски.

5. Не дозволувајте проблемите со децата да влијаат врз односот кон него

Тука спаѓаат проблемите од типот „како да го казниме детето“. Запомнете дека децата растат и го напуштаат домот во потрага по нивната среќа, а вашиот сопруг е засекогаш тука со вас. Согласете се на компромис кога се во прашање малите проблеми. Сѐ додека прифаќате дека детето треба да биде казнето, тогаш самата казна и не е толку значајна.

6. Обезбедете доволно време кое ќе му го посветите само нему

Никако не ги занемарувајте неговите потреби поради децата. Освен комуникација, доверба и почитување, поминатото време исто така е клучно за вашиот однос. Вашиот брак е темелот на вашето семејство. Потрудете се подобро да го одржувате.

2-problemi-vo-vrskata-6-nacini-kako-da-sprecite-neverstvo-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар