Проблеми со здравјето кои се кријат зад промените на бојата на лицето

Проблеми со здравјето кои се кријат зад промените на бојата на лицето

Нашето тело е огледало на нашето здравје. Кожата, како најголем орган, честопати ни испраќа пораки за тоа какви здравствени проблеми се кријат во нашето тело. Кожата на лицето, односно нејзината боја, може да открие многу за вашето здравје. Во продолжение погледнете на какви евентуални здравствени проблеми упатува одредена боја.

1-problemi-so-zdravjeto-koi-se-krijat-zad-kozhnite-promeni-na-liceto-www.kafepauza.mk_

1. Црвена

Обично оваa боја е само реакција на стрес, лутење, анксиозност и некоја друга екстремна емотивна состојба или пак, на одредена храна и/или пијалак кои сме ги внеле во организмот. Меѓутоа, хроничното црвенило е знак за некој скриен здравствен проблем. Црвенилото на подрачјето на образите и носот укажува на висок крвен притисок или автоимуна болест предизвикана од зголеменото ниво на холестерол во крвта.

2. Портокалова

Проблеми со панкреасот и слезината.

3. Жолта

Жолтеникаво лице е тивко предупредување дека вашиот црн дроб и жолчка не работат како што треба.

4. Зелена

Голема количина лекови, проблеми со варењето и работата на крвните жили. Исто така, може да биде и знак за анемија, односно недостаток на железо во крвта. Оваа здравствена состојба некогаш се нарекувала хлороза, бидејќи заради неа кожата добивала специфична зеленикава боја на чија основа се дијагностицирала анемијата.

5. Сина

На одредени места модрата кожа може да биде знак на цијаноза, здравствена состојба до која доаѓа заради зголемената концентрација на хемоглобин во телото, а намален кислород. Метхемоглобинемијата е наследна или стекната болест која предизвикува метхемоглобин, хемоглобин кој не се врзува со кислородот и исто така предизвикува сина боја на кожата.

6. Бела или бледа

Бледото лице и образи се знак на ослабени жлезди и неактивен црн дроб. Освен на анемија, упатува и на ослабен имунолошки систем. Бледите дамки на лицето може да бидат знак за проблеми со бубрезите.

Прочитајте ги и овие неочекувани нешта кои лицето ги открива за вашиот карактер и здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар