Проблеми со менталното здравје кај мажите
Менталните нарушувања се вистински предизвик за сите кои се соочуваат со нив, особено кога станува збор за мажите. Ниту тие не се отпорни на депресија, анксиозност и бројни други проблеми со менталното здравје.
Натрупаните распореди, несаканиот притисок на работа, семејните обврски, ограничените можности за заработка и многу други фактори само го зголемуваат нивното ниво на стрес. Често, мажите се чувствуваат слабо кога ги покажуваат нивните чувства, па нивните ментални нарушувања остануваат недијагностицирани и не се лекуваат.
Експертите за ментално здравје веруваат дека мажите се посклони кон ментални проблеми. Имено, 4 од 5 самоубиства се извршени од мажи, што е најчестата причина за смрт кај мажите помлади од 25 години.
Справувањето со ментална болест бара отпорност, сила и волја. Па ако преживеаните од рак се сметаат за херои, зошто тогаш не ги гледаме како херои и оние кои преживеале некое ментално нарушување?
ВИДОВИ МЕНТАЛНИ НАРУШУВАЊА КАЈ МАЖИТЕ
1. Депресија
Депресијата се појавува кај луѓето со разни симптоми. Овде можат да спаѓаат недостаток од интерес и уживање, лошо расположение, тага, тешкотии при спиењето, чувство на вина и ниска вредност, промени во исхрана, замор, недостаток од концентрација и слично.
Нерамнотежата на хемискиот состав на мозокот има голема улога во појавата на депресија. Депресијата може навистина да уништи нечиј живот. Негативните мисли постојано се нижат, а токму ова може да ја натера личноста да изврши самоубиство. Депресијата е болест со која се справуваат над 300 милиони луѓе ширум светот.
Симптоми
- Физички болки, вклучувајќи болка во грбот, зглобовите, екстремитетите и слично
- Раздразливост
- Пиење повеќе алкохол и барање причини за тоа
- Нагло слабеење или дебелеење
- Игнорирање или заборавање на секојдневните рутини како туширање, проблеми со станување наутро и слично
- Неподобност за концентрација и донесување одлуки
- Извинување за сè и постојано чувство на вина и страв
Лекување
Депресијата мора да се лекува навреме со цел да се избегнат лошите последици. Покрај помошта од професионалец, следниве природни терапии понекогаш се покажале како ефективни кај луѓето со хронична депресија:
- Следење на испланирана дневна рутина
- Поставување дневни цели што ќе ви помогнат да се вратите на вистинскиот пат
- Редовно вежбање со цел да се поттикне лачењето на ендорфини
- Здрава исхрана богата со омега 3 масни киселини и фолна киселина
- Спиење и легнување порано
- Вежби со дишење, како јога и медитација
2. Анксиозност
Анксиозноста е често нарушување кај луѓето со депресија, и обратно. Овој проблем настанува поради неколку фактори, вклучувајќи хемија на мозокот, генетика, па дури и животни настани.
Доколку се дијагностицира навреме, анксиозноста може да се лекува без тешкотии. Третманите за лекување вклучуваат терапија со лекови и разговор, кои помагаат во контролирање и справување со симптомите на анксиозност.
Симптоми
- Претерана грижа
- Вознемиреност
- Немир и замор
- Тешкотии со концентрацијата
- Напнати мускули
- Раздразливост
- Претерано спиење или проблеми со заспивањето
- Панични напади
- Ирационални стравови кои можат да предизвикаат разни фобии
Лекување
Анксиозноста може навистина да го отежни животот. Овој проблем може да биде заканувачки по живот доколку не се лекува навреме. Се покажало дека некои од следниве активности можат да ви помогнат да ги намалите симптомите:
- Консумирање здрава храна како овошје, зеленчук, квалитетно месо, јаткасти плодови, риба и продукти од цело зрно
- Откажување од пушењето и од факторите што ги влошуваат симптомите
- Консумирање пробиотици и ферментирана храна
- Ограничување на испиената количина кафе
- Редовно практикување јога, медитација и слични активности.
3. Биполарно афективно растројство
Ова нарушување резултира и со манични, и со депресивни епизоди. Над 60 милиони луѓе страдаат од оваа смртоносна болест, која резултира со раздразливост, намалена самодоверба, хиперактивност и недостаток од потреба за спиење.
Поддршката од психолог е клучна во справувањето со болеста и нуди некако олеснување. Најдобро е да ги разберете симптомите и да ја дијагностицирате болеста навреме.
Симптоми
- Недостаток од желба за спиење и нестабилно фокусирање на нештата
- Постојано чувство на екстремна тага и безнадежност
- Нерамнотежа во здравото расположение, психомоторната активност, циркадискиот ритам и размислувањето
- Менување на расположението од дисфорија до раздразливост
- Инстантно зголемување на енергијата на психомоторните активности што води до брзо зборување, брзи мисли, несакано социјално однесување или импулсивност
Лекување
Во случај на горенаведените симптоми, помошта од професионалец е повеќе од потребна. Следниве чекори ќе ви помогнат да се изборите со болеста:
- Консултирање со психијатар и започнување психотерапија
- Формирање здрави врски со саканите личностите
- Откажување од пиењето и рекреативните дроги
- Правење распоред и следење на здрава рутина
- Внимателно одбирање на храната, медитација, јога, физички вежби и спиење барем 8 часови дневно
Воглавно, проблемите со менталното здравје кај мажите можат да бидат навистина опасни доколку не се дијагностицираат или лекуваат навреме. Доколку сте машко и се соочувате со некој од наведените или со друг психолошки проблем, не срамете се да побарате помош, бидејќи тоа не е знак дека сте слаби и никој не смее да ви суди. Разговорот со вашиот лекар ќе ви помогне да го најдете најдобриот третман за вас и еднаш засекогаш да се ослободите од канџите на вашата болест.
Погледнете и кои се психолошките нарушувања кои најчесто се погрешно дијагностицирани.