Проблеми со кои сите се соочуваат во новата љубовна врска
Новата љубовна врска е секогаш прекрасна и забавна, затоа што ви дава можност да се потсетите дека постојат добри и нормални луѓе на светот кои се способни за љубов. Но, прилагодувањето на новата врска, новиот животен распоред и ограничувањата кои тој ги наметнува, може да биде навистина тешко. За среќа, не сте сами и сите се чувствуваат на истиот начин. Ова се 14-те најчести проблеми со кои се соочуваат новите љубовни парови.
Одржувањето баланс помеѓу времето поминато заедно и времето поминато сами
Сте започнале нова врска и нормално е да сакате да го поминете секој можен момент заедно. Но, тоа може да ѝ наштети на врската и да ѝ стави крај уште пред да започне.
Внесувањето на новиот партнер во групните дружби со пријателите кои ги познавате со години
Ова може да биде особено тешко, бидејќи истовремено сакате да останете лојален пријател кој не ги откажува плановите со друштвото за да биде со партнерот, но и да бидете сигурни дека саканата личност убаво си поминува со вашите пријатели.
Се обидувате да не станете онаа личност која насекаде го влечка партнерот со неа
Само затоа што сте во врска не значи дека автоматски треба секаде да се појавувате во придружба.
Се обидувате да ги извршувате сите лични обврски како што се спиењето, средувањето на собата и вежбањето
Тешко е да стигнете сѐ да направите кога имате плус уште една работа во вашиот распоред, која ви го одзема поголемиот дел од вашето време.
Тешко ви е да сфатите дека новиот партнер не е ист како другите
Секој е различен! Не постојат врски кои се целосно слични една на друга, што логички знаете дека е така, но срцето никогаш не размислува логички. Само затоа што некој ве повредил некогаш во минатото, не значи дека и оваа личност ќе го направи истото.
Се прашувате кога е вистинското време да почнете да го/ја претставувате како новото момче или девојка
По некое време ќе сфатите дека „Ова е мојот нов пријател“ навистина звучи глупаво и потребна ви е алтернатива.
Не знаете како да го дефинирате вашиот однос
Ова би требало да е најлесниот дел од целата врска, но во реалноста не е баш така. Изгледа како да сте во врска, но сѐ уште не сте разговарале за тоа. Сакате да го започнете разговорот, но не сакате да делувате премногу заинтересирани бидејќи сте на почеток и страв ви е да не бидете одбиени и исмеани. Не грижете се. Не морате да ги официјализирате работите за да се сметате за љубовен пар.
Соочувањето со првата голема караница
Навистина би било прекрасно кога врската засекогаш би живеела во првите магични денови со мали несогласувања, но сите се караат. Тоа е неизбежно кога поминувате многу време со некого.
Сознанието дека не сте единствената личност во врската која има историја
Освен ако немате 12 години и ова е првата врска што некогаш сте ја имале, факт е дека секој партнер со кој ќе бидете ќе има свој сопствен багаж, и мора да бидете способни да се справите со него ако очекувате врската да трае.
Полека ќе откривате како новиот партнер реагира на одредени ситуации
Дали им е тешко да зборуваат за некои работи, додека вашите претходни партнери биле како отворена книга? Луѓето имаат многу карактеристики и не можете сѐ веднаш да дознаете додека не се најдете во одредена ситуација за прв пат.
Се обидувате да останете свои, но и да им се допаднете на сите нивни пријатели
Ви се чини како да сте во врска и со сите нивни пријатели и не сакате да бидете личноста која никој не ја сака во друштвото. Секако дека треба да бидете отворени за нови познанства, но најважно е сепак да останете свои бидејќи токму тоа е причината зошто тој/таа се заљубил/а во вас, а тоа ќе го забележат и неговите или нејзините пријатели.
Се обидувате да го задржите вашето лично „јас“
Лесно е да се занесете во новата возбудлива и забавна врска, но ако не внимавате можно е да почнете да се менувате за подобро да си одговарате со вашиот нов партнер. Бидете внимателни, бидејќи последното нешто што го сакате е да не можете да се препознаете откако врската ќе заврши.
Тешко ви е да ја покажете вашата ранливост на нова личност
Сите оние тешки приказни од минатото кои сте ги кажале веќе милион пати, одново ќе треба да ги преживувате, затоа што новиот партнер не ги знае. Тоа искуство може да биде навистина ужасно и емотивно, но нема сомнеж дека ќе ве зближи уште повеќе.
Тешко ви е да продолжите понатаму и да се потсетите дека заслужувате да бидете среќни
Работите одат толку супер на почетокот што само чекате нешто лошо да се случи. Обидете се да не го правите ова. Уживајте во овие денови на свежа љубов. Тие се ретки, прекрасни и незаменливи.