Пробајте ја оваа нова рутина на вежбање која трае само 12 минути

Пробајте ја оваа нова рутина на вежбање која трае само 12 минути

Сигурни сме дека оваа рутина многу ќе ви се допадне бидејќи ќе ви одземе малку време, а ќе бидете задоволни од резултатите. Покрај тоа, оваа вежба е соодветна за сите, без разлика на годините.

Интензивните вежби во кратки интервали претставуваат тренинг кој дава слични ако не и подобри резултати од класичниот тренинг кој може да го добиете во која било сала за вежбање. Енергичните вежби во мала количина можат да го продолжат животот со тоа што ќе ја подобрат психичката состојба и функцијата на кардиоваскуларниот систем. Но, признајте дека одвај успевате да се натерате да одите на трчање, а не па да останете доследни на вежби со силен интензитет.

Пробајте ја оваа нова рутина на вежбање која трае само 12 минути

Фитнес инструкторката Гречен Рејнолдс вели дека многумина се откажуваат од тренингот со силен интензитет пред да видат какви било резултати. Затоа Џенс Бангсбо, професор по физиологија на Универзитетот во Копенхаген, решил да смисли фитнес план кој ќе содржи енергични вежби, но и ќе биде доволно лесен и пријатен за повеќето луѓе да продолжат да го практикуваат подолг период. Бангсбо оваа програма ја нарекува „10-20-30 тренинг“.

Основата на „10-20-30“ тренингот лежи во едноставноста. 30 секунди побавно трчање или возење велосипед, потоа 20 секунди забрзување до умерено темпо и на крај 10 секунди спринт, односно најбрзо што можете. Овој тренинг треба да го повторувате додека не поминат 12 минути. Интересно, се согласувате?

Џенс потоа објаснува дека луѓето можат да почнат со овие тренинзи еднаш или два пати неделно, но никако два дена еден по друг. На почетокот препорачува 5 повторувања: 30 секунди опуштено движење, потоа 20 секунди со зголемен интензитет и последните 10 секунди давање сè од себе, а потоа враќање назад на лесните 30 секунди. По петтиот спринт се зема пауза од две минути, а потоа се прави нареден сет од 5 повторувања. Сето тоа би требало да трае 12 минути. Откако неговото истражување било објавено, тој направил испитување на овој „10-20-30“ тренинг со над 132 луѓе кои секојдневно трчале. Се покажало дека и по 8 недели луѓето сè уште го користеле овој систем.

„Сакавме да создадеме тренинг што ќе може кој било да го прави, од некој кој само што почнал да вежба, односно трча, до личност којашто професионално се занимава со атлетика“, објаснува Бангсбо.

Не чекајте и испробајте го овој тренинг уште веднаш. Искористете го убавото време и дочекајте го летото подготвени во топ форма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар