Пробајте го овој природен нектар од пасифлора за да ги ублажите напнатоста и стресот
Кога шпанските мисионери пристигнале во Јужна Америка и за првпат здогледале пасифлора, ѝ го дале името „Христов цвет“. Со својата структура овој прекрасен цвет полн со нектар, според нив ги претставувал маките на Христос. Трите стигми на цветот ги симболизираат шајките, цветната круна ја претставува Христовата круна од трња, петте прашници неговите тешки рани, а десетте цветни ливчиња ги означуваат апостолите (без предавникот Јуда и Петар).
Иако постојат повеќе од 400 видови пасифлора, не секој од нив дава плодови кои се јадат. Повеќето од нив се планински билки кои во денешно време се користат како украсни билки. Малкумина се запознаени со лековитите својства на овие билки. Поради автохтоноста на јужниот дел на САД, Индијанците уште од старо време ги користеле како тоник, а првиот лекар од Запад, го забележал тек во 1783 година. Тоа доволно зборува за високоразвиената цивилизација и соживотот со природата на домородците, коишто биле сметани за дивјаци.
Цветовите се миризливи и прекрасни, а ако го излупите толчникот и му посипете неколку капки нектар кој се крие во средината на цветот, ќе ги заборавите сите слатки кои некогаш сте ги пробале. Сепак тоа не значи дека треба да ги излупите сите цветови, бидејќи нивните плодови се уште повкусни. Јајцевидните жолти бобинки, долги околу 5 сантиметри имаат пикантен вкус, а се користат во овошните салати и разни десерти.
Оваа специфична билка има својства кои ги ублажуваат напнатоста и стресот. Поради своите смирувачки својства често се користи и во борбата против несоницата, па ако сте пиеле некои таблети за спиење слободно можете да ги фрлите и да се опремите со ова природно оружје. Исто така се користи за ублажување на дигестивните тегоби и главоболките, а интересен е и фактот што истражувањата покажале дека помага во одвикнување од наркотици.
Пасифлората не е тешка за одгледување, но си бара малку киселкаста и топла почва. Нема штетници кои ѝ предизвикуваат трајна штета, ниту пак ја напаѓаат болести. Сè што ви е потребно за да ја одгледувате, е да поставите нешто околу што ќе расте и на пролет да ја скроите колку што е потребно. Плодовите што растат над земјата се за медицински потреби, а се берат од средина до крај од летото, додека плодовите за кулинарска употреба се собираат кога сами ќе испаднат.
Од плодовите може да се направат разни џемови, желе, креми и овошни напитоци. Во продолжение ќе ви пренесеме и еден рецепт за еден многу вкусен овошен напиток од пасифлора.
Пијалак од плод од пасифлора
Со лажичка извадете ја пулпата од 8 плодови (околу 180 милилитри пулпа). Во садот во кој сте ја извадиле пулпата, додајте 230 грама ситен кристален шеќер и 60 милилитри лимонов сок. Добро промешајте ги состојките и ставете ја содржината во шише, коешто треба да го оставите да стои во ладилник една седмица. Откако ќе отстои, претурете ја во тегла и додајте 1 литар минерална вода. Оваа количина е доволна за 8 лица.
Се надеваме дека добро ве запознавме со билката на која претходно не сте ѝ обрнувале внимание или барем ви ги откривме нејзините придобивки за кои не знаевте досега. Додајте ја пасифлората во вашиот арсенал од природни лекови и уверете се дека природата е најдобриот лекар.
Прочитајте и: Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата.