Природни трикови за беспрекорен летен изглед
Нашите мајки и баба честопати ни даваат совети за тоа како би требало да се свртиме кон природните состојки, кога е негата во прашање. Тие имаат прво, а токму поради тоа со вас споделуваме 6 сјајни начини како по природен пат да дојдете до сјаен изглед.
1. Нега на лице
Треба барем еднаш неделно да се прави пилинг на лицето за да ја исчистите кожата и да ги отстраните мртвите клетки. Кафеав шеќер во комбинација со лимонов сок ќе даде феноменални резултати.
2. Нега на телото
Кокосовото масло е толку распространето и популарно, што веруваме дека веќе го имате дома. Сепак, доколку го немате, имајте на ум дека пропуштате феноменален начин за да ја хидрирате и нахраните кожата, како и косата. Исто така, со него може да ја отстранувате вашата шминка. Кожата која ја допрело сонцето, дефинитивно бара нега од овој тип, бидејќи не само што ја прави убава и мазна, туку и ги смирува иритациите и ја регенерира.
3. Нега на стапалата
Кога се стапалата во прашање, немојте да заборавите дека, доколку ова лето одите на плажа, нема подобар природен пилинг од песокот. Искористете го тоа и оставете ги турпиите за пети дома.
4. Нега на ноктите
Доколку секојдневно ставате маслиново масло на ноктите и заноктиците, скоро инстантно ќе забележите подобрување. Потребна ви е мала количина, а благодатите се огромни!
5. Нега на косата
Постојат безбројни природни начини за нега на косата, а ова лето, освен кокосовото масло, како пакување можете да го искористите и медот. Всушност, доколку ставите малку во домашен или купен шампон, косата ќе ви биде многу помека, а скалпот поздрав и помалку склон на првут.
Исто така, ако сте обожавател на мајонезот, купен или уште подобро домашно направен, знајте дека и вашата коса ќе го обожава. Маслото ќе ја омекне косата, додека протеините од јајцето ќе ѝ ја дадат неопходната јачина. Маската со мајонез дава посебен сјај на косата. Држете ја околу 15 минути, а потоа исплакнете.